Connect with us

Свет

Хрватските навивачи се најкреатвни – Во Катар дојдоа облечени како шеици (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Published

on

Навивачите на светскиот вицепрвак Хрватска победија уште на стартот на Светското првенство, откако се појавија во Катар облечени како – шеици.

Групата „Ми Хрвати“ се облекоа во белата традиционална облека на шеиците со мала измена, на нив ги имаат и црвената шаховница, за да бидат препознатливи дека се навивачи на „коцкестите“.

Брзо ги собраа симпатиите на домаќините, ама станаа хит од прв ден на доаѓање на фудбалскиот фестивал. Околу 3.000 навивачи од Хрватска се очекува да бидат присутни во Катар.

Свет

Се огласи Зеленски откако Путин прогласи примирје за Денот на победата: Моќна порака од украинскиот претседател

Published

on

Зеленски: Животите се поважни од парадите – потребно е вистинско примирје, не привремено затишје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека меѓународната заедница не треба да чека до 8 мај за да стапи во сила најавеното примирје од страна на рускиот претседател Владимир Путин, кое според него е премногу кратко и симболично. Зеленски повика на најмалку 30-дневно целосно и безусловно примирје, како основа за вистински дипломатски напори.

„Од некоја причина, сите треба да чекаат до 8 мај за да се воспостави примирје, само за Путин да има мир за време на парадата“, рече Зеленски во своето вечерно видеообраќање. Тој остро реагираше на навестувањата за ограничено примирје, кое Русија планира да го воведе по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна.

„Ние ги цениме човечките животи, а не парадите. Примирјето не смее да биде само привремено – неколку дена па повторно да се продолжи со убиства“, нагласи украинскиот претседател, алудирајќи на руската намера за тридневно прекинување на огнот во мај.

Зеленски ја повика меѓународната заедница да не се задоволи со симболични гестови, туку да инсистира на вистински чекори кон мир, со продолжено примирје кое ќе овозможи дипломатијата да добие шанса.

Continue Reading

Свет

Шпанија прогласи вонредна состојба

Published

on

Шпанија прогласи вонредна состојба по масовниот прекин на струја

Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба во регионите најтешко погодени од денешниот општ прекин на електричната енергија. Најсериозно се погодени Мадрид, Андалузија и Естрамадура, од каде локалните власти побараа интервенција од централната влада за одржување на јавниот ред и нормално функционирање на основните служби.

Прекинот на струјата предизвика сериозни последици – откажани се авионски летови, во голем дел од урбаните подрачја не работат семафорите, а жителите се жалат дека немаат пристап до мобилна мрежа и интернет.

Компанијата за електродистрибуција „Ред Електрика“ информираше дека до вечерва е повторно воспоставен пристап до електрична енергија во околу 20% од погодените региони. Сепак, голем дел од Шпанија и соседна Португалија и понатаму се без струја.

Иако засега нема официјално потврдена причина за колапсот на мрежата, се претпоставува дека станува збор за повеќекратни дефекти кои довеле до преоптоварување и пад на системот.

Continue Reading

Свет

Не е позната уште причината за прекинот на струја во Шпанија и во Португалија

Published

on

Уште не е познато што го предизвика големиот прекин на електрична енергија од Мадрид до Лисабон, но според претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, во овој момент нема индикации дека се работи за сајбер-напад.

Би-Би-Си напиша дека нормализирањето на мрежата во Португалија може да потрае и до една недела. Медиумот се повикува на соопштение на португалската национална електроенергетска компанија РЕН, која вели дека се работи за сложена операција и дека е потребно ребалансирање на протокот на струја на меѓународно ниво.

Португалската национална електроенергетска компанија исто така обвини дека прекините се резултат на „дефект во шпанската електрична мрежа“. Оттаму велат дека хаваријата е поради „редок атмосферски феномен“, но не појаснуваат што значи тоа, пренесува Би-Би-Си.

Претходно, шефот на шпанската електрична мрежа рече дека обновувањето на електричната енергија може да потрае меѓу шест и 10 часа.

Oд друга страна, во ажурирано соопштение, „Red Electrica“, електроенергетската компанија на Шпанија вели дека напонот е обновен во одредени трафостаници во областите на север, југ и запад од земјата.

„Продолжуваме да работиме со сите ресурси за да постигнеме што поскоро обновување на снабдувањето на целата територија“, велат од „Red Electrica“.

Во меѓувреме, властите во ЕУ се во контакт со Мадрид и со  Лиасбон и со мрежните оператори.

– Комисијата ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе се погрижи да има непречена размена на информации – рече портпаролот на извршната власт на ЕУ.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро повика на трпение додека службите за итни случаи работат на враќање на енергијата во земјата во наредните часови, според коментарите објавени од дневните весници „Публико“ и „Диарио де Нотицијас“, пренесува „Гардијан“.

Монтенегро исто како и Кошта рече дека нема индикации дека прекинот е предизвикан од сајбер-напад, но истакна дека е премногу рано да се отфрли какво било сценарио. Тој посочи и дека дефектот на мрежата „не бил предзивикан во Португалија“, при што, како што вели, земјата беше погодена поради проблемот во Шпанија.

Поради хаваријата откажан е и Мутуа Мадрид Опен (Mutua Madrid Open), еден од најпознатите и најголеми светски тениски турнири, кој се одржува секоја пролет во Мадрид. Организаторите соопштија дека се откажани и дневната и ноќната програма на настанот.

Големи региони на Иберискиот Полуостров уште се без струја. Делови од метрото во Мадрид беа евакуирани, а семафорите во градот престанаа да функционираат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк