Connect with us

Македонија

Пензионерката „Доли“ од Кичево е новата МИЛИОНЕРКА !(Фото)

Published

on

Со голема радост споделуваме дека во овие моменти сме домаќини на добитничката на најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32 921 304, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево, објави Државната лотарија.

Доста Андоноска од Кичево, којашто блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба.Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви.

Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка. Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата. Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката, велат од Лотарија.

May be an image of 1 person

Во следни текстови ќе пренесеме повеќе од разговорот со неа, засега со радост ви откриваме дека таа најмногу се гордее со своето семејство и се радува што сега нејзината верба во среќата ќе им помогне во остварување на желбите и плановите во понатамошниот живот. На сите им порачува дека за да добиете, мора да сте полни со верба во среќата и со чувство дека ќе добиете.

Таа чувствувала дека еден ден ќе добие 7-ка и низ годините учествувала во сите различни видови лото игри. Ете, нејзината верба се обистини токму со ЛОТО 7 на Државна лотарија. Возбудени и среќни, честитаме на нашиот нов член во семејството на лото милионерите.

Македонија

Конечно се појавија нови информации за состојбата на Панчо

Published

on

Конечно се огласија од букинг-агенијата Sure Shotz Entertainment која ја основа Владимир Блажев-Панчо, преживеаниот главен вокал на дуото ДНК.

Во нивното обраќање велат дека денови и недели подоцна, сѐ уште не можат да се помират со тоа што се случи во Кочани.

„Болката и тагата се постојано присутни, а секој кажан збор е излишен за оваа трагедија која не шокираше сите до еден и го донесе најтешкиот период за нас, во овие 20 години постоење на фамилијата Sure Shotz. Нашите срца се со семејствата и најблисĸите на оние ĸои прерано не напуштија. Нема зборови ĸои би можеле да им ја олеснат болĸата, но во нашите срца и мисли стоиме поĸрај нив, ја споделуваме нивната тага и им ја испраќаме сета сила на светот“, пишува во воведниот дел на нивната објава.

„Исто таĸа, на сите повредени им посаĸуваме брзо и успешно заĸрепнување – се надеваме деĸа сеĸој нов ден ќе носи напредоĸ и сила за продолжување на борбата. Како екипа, достапни сме да направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме, иаĸо знаеме деĸа ниту еден гест, ниту една помош не може целосно да ги залечи раните што ги остави оваа трагедија. Со голема тага, сакаме да се опростиме и дадеме збор-два за нашите блиски другари и соработници, кои ни значеа премногу…

Буцо, нашето најзлатно дете, нашето братче од Sure Shotz кој постојано беше тука, со и за нас, секој четврток на Spicy или на сите патувања низ Македонија. Момчето коe никогаш не бараше ништо, а безрезервно даваше на сите, постојано насмеан и позитивен. Безброј заеднички моменти, саати и денови поминати заедно во дружба, со смеење до солзи или јадење додека не се прејадеме… Засекогаш ќе ни фалиш Буцика!

Андреј, голем човек со уште поголемо срце. Беше со нас од самите почетоци, како другар, соработник и голем фан на музика (одлепуваше на Guru/Gangstarr). Ти благодариме за секој еден другарски момент, даден совет и искрен муабет уз чашка ракија или пиво. Вечно ќе ги пуштаме и пееме твоите рефрени!

Сара, Филип, Цеа, Џоле, Игорче, Ефремов; ни беше драго што ве познававме и што имавме чест да соработуваме и да се дружиме преку тоа што не поврзуваше – ДНК како бенд и музиката како наша најголема љубов. Ќе ги паметиме сите заеднички настапи и дружби во бекстејџ… Вечна ви слава и почивајте во мир!“, продолжува нивната трогателна посвета.

За крај, тие откриваат и дека Панчо е во стабилна состојба.

„Веруваме дека ќе напредува со својата рехабилитација. Патот е долг, но ние сме со тебе стари, како до сега така и во иднина!“, велат тие.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Сѐ уште врне снег, патот на Стража тешко прооден

Published

on

Поради обилните снежни врнежи, патот преку планинскиот премин Стража останува нерасчистен. Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност и отежнат сообраќај во овој регион.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Полицијата го изгуби трпението: Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава

Published

on

Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки во Скопје 

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава. Веднаш по пријавата од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што истите се сопрени и привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила. 

Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк