Сведочења за модуларната болница во Тетово: „Немаше противпожарен апарат, се изгоре за 2 минути“

Рочиштето за модуларната болница во Тетово продолжи со сведоците повикани од Обвинителството. Сведочеа медицинските лица кои биле на смена таа трагичната ноќ како и членовите на семејствата кои биле во болница за да се грижат за своите роднини.

Според лекарот Мустафа Тахири, пожарот избил во горниот дел од еден од креветите.

„Пожарот почна во горниот дел од креветот и дел од ѕидот. Прво го преместивме пациентот, потоа се обидовме да го изгаснеме пожарот со ќебе и со кофа вода, при што пожарот продолжи и во моментот кога сфативме дека не можеме да го изгаснеме, се обидовме да ги преместиме сите пациенти. Слободно можам да кажам дека се изгоре, според моите пресметки, за две минути. Собата изгоре за 15 секунди, болницата за 2 минути. И да имаше противпожарни апарати, и пожарникарите да беа во дворот, тој пожар не можеше да се изгасне на никаков начин.“, рече сведокот Тахири.

Мумин Исмаили кој во оваа трагедија ја загуби неговата мајка, се надева дека случајот ќе се расветли.

„Јас мислам дека ќе се расветли бидејќи почна распитот на сведоците и мислам дека сме на прав пат.“, рече Исмаили.

Сведокот, Оливера Веселиновска била во болница со синот кој боледува од церебрална парализа.

„Останав 4 или 5 дена, слушнав врисоци од пожарот, сестрите трчаа да го изгаснат. тие денови постојано влегував и излегував и во никој случај не видов противпожарни апарати. Не добив дозвола од болницата. Мене вработените ми дозволија да влезам поради детето. Беше чувствителен бидејќи беше со посебни потреби и реагираше многу чудно, па ме пуштија, имаше други луѓе во болница кои носеа храна и излегуваа, јас лично имав документ да го придружувам детето и кога им кажував не ме спречуваа да останам во болница.“, изјави Оливера Веселиновска.

ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА: Доаѓаме со цвеќе за Гоце Делчев, на Џамбаски нема да му дозволиме да пријде до гробот

Од Партијата на Македонци во Србија соопштија дека ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на херојот Гоце Делчев, а како што се вели во нивната порака до бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, нема да му дозволеле да пријде до црквата Св. Спас.

– По заканите на Џамбаски, дека на 4. февруари ќе дојде во Македонија, да сече раце на Македонци, од Партијата на Македонци во Србија му порачуваме дека ќе го чекаме во Скопје. Ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас. Многу работи останаа нерасчистени. Поддршка до нашите браќа Македонци во Бугарија, Грција и Албанија, велат од Партијата на Македонци во Србија, пренесе Прес 24.

Англиска населба ВО СТРАВ ОД АЛБАНСКА БАНДА: „Сакаат да ни ги ЗЕМАТ ДОМОВИТЕ“ (ВИДЕО)

Дејзи О’Доерти тврди дека албанските гангстери ги тероризираат жителите на општинскиот имот каде што живее и дека нејзиното соседство е во постојан страв.

Бандата Hellbanianz живее на имотот Гаскоин во Баркинг, Англија, а членовите често ги прикажуваат своите криминални подвизи на социјалните мрежи.

За да ја зголемат својата озлогласеност, гангстерите од источен Лондон честопати ќе се пофалат со слики од автомобили, пари и пиштоли на Инстаграм.

Долгогодишната жителка Дејзи О’Доерти вели дека членовите на бандата намерно се однесуваат на застрашувачки начин за да ги исплашат локалните жители, според британскиот Мирор.

Бандата се прослави во 2017 година, откако почнаа да објавуваат рап видеа во кои се фалат со парите што ги заработиле од трговија со дрога и други криминални активности.

Пред неколку месеци, О’Доерти била разбудена доцна во ноќта од лаењето на нејзиното куче – пред ситуацијата да стане „непријатна“.

„Тоа беше навистина нервозно околу два часот наутро, и моите мачки беа исплашени, [на почетокот] мислев дека се исплашени затоа што животните беа спасени од улицата“, рече таа.

„Слушнав [бучава] надвор и ја отворив мојата влезна врата на полицаец со пиштол и кучиња. Тој ми врескаше „влези внатре“. Никогаш не сум видела такво нешто во мојот живот“, рече таа.

Жителката на Баркинг подоцна дознала дека рацијата била дел од полициска операција чија цел била да се изврши операција „rent a gun“ во југоисточна Англија.

Десет лица биле уапсени за прекршоци, вклучително и заговор за поседување огнено оружје со намера да го загрози животот и заговор за извршување на тешка телесна повреда со умисла.

О’Доерти објасни дека жителите како неа научиле да живеат заедно со членовите на бандата Hellbanianz.

„Секогаш е загрижувачки овде сега, таков е животот, има толку многу заплашувања. Особено кога си бела жена која живее сама во општинскиот имот. Јас сум цел, без сомнение. Нема толку многу луѓе кои живеат тука долго време и затоа што [има планови за] уништување на имотот“, признава таа.

О’Доерти тврди дека нарко бандите на имотот биле насочени кон луѓе со празни спални соби за продажба.

Таа рече дека проблемот го надминува насилното преземање на домовите на ранливите луѓе за да се користат за криминални активности – и дека ситуацијата влијаела на луѓето кои инаку не би биле цел на банди.

Симонов: Македонците не си отидоа, туку ги набркаа чорбаџиите

Отселувањето и натаму во фокусот на јавноста. Александар Симонов со став на темава со кој многумина се соглаија во целост.

Реалноста пресиликана во фејсбук статус изгледа вака:

Од „ќе ги вратиме младите назад“ до „ќе овозможиме ‘увоз’ на работници од странство“ и тоа внимавај, по барање на чорбаџиите!

Е сега, само од Штип се испишани 81 ученик од осмолетка, поради иселување во странство, за едно полугодие. Во истиот тој град чорбаџиите плачат дека им фалат работници (најмногу во текстилна, но и во други индустрии) и спремаат терен, башка подмачкуваат секаде каде што е потребно, за да добијат закон за „увоз“ на работна сила, по своја мерка! Да друже, истите оние чорбаџии кои се бунат против секое покачување на плата, чие изживување со години го трпеле многу работници, кои условите за работа што ги овозможуваат се под секој достоен човечки минимум, се жалат дека „нема работници“!about:blank

Чорбаџиите секогаш биле отуѓени од човекот и ќе останат како такви, а уназадувањето што го нанесуваат на народот, нацијата и државата, не се мери нит во светлосни години! – Како тие ја менуваат демографијата, па тоа веќе не може ниту пописен фалсификат на СДС и ДУИ да го скрие!

И сега, додека е дигната бука за чив е Гоце, и дали постојат Македонци или не, да забележиме дека Македонците не си отидоа, туку ги набркаа, и тоа нит зли соседи или „црни врани“, туку чорбаџиите, што домашни, што странски, претставени како месијантски филантропи што не спасуваат од бездната која сами сме си ја направиле.

p.s. Нека му објасни некој на „Министерот“ дека ниска невработеност е под 5%, а не 14%.

ОБЈАВЕН ЗАСТРАШУВАЧКИ РАЗГОВОР МЕЃУ НАЈБАРАНИОТ НАРКОБОС И ПОЛИЦИЈАТА: Ова е доказ зошто сè уште не е уапсен

Американската влада нуди 10 милиони долари за информации што би можеле да доведат до негово апсење.

Застрашувачки телефонски разговор меѓу мексиканската полиција и бараниот нарко бос Ел Менч беше објавен на социјалните мрежи откако неговиот брат, водачот на картелот Ел Тони Монтана, беше уапсен кон крајот на минатиот месец.

Ел Менчо (56), кој е познат како „најбараниот човек на светот“, успеал да ја избегне полицијата во Мексико и покрај тоа што е најбараниот криминалец во земјата, пренесува „Унилад“.

Мексиканската влада понуди 30 милиони долари, а американската влада 10 милиони долари за информации што би можеле да доведат до негово апсење.

Тој се бара за трговија со дрога, вмешаност во организиран криминал и поседување огнено оружје без документи.

Аудиото беше обелоденето до мексиканските медиуми во септември 2016 година и покажува колкава моќ поседува Ел Менчо додека им наредува на полицаецот и неговите колеги да се откажат.

Истиот месец мексиканскиот портал Proceso ја објави и ја потврди автентичноста на разговорот со Ел Менчо.

По телефон, Ел Менчо му вели на полицаецот „да се смират твоите е**ни луѓе“ и го нарекува „кучкин син“.

– Менчо е човече, вика по телефон.

– Навтерај ги твоите проклети да се смират и да се повлечат или ќе ти е*ам и тебе и мајка ти и цел твој чопор кучиња.

– Имам 30 од вас идентификувани. Дури и ќе ги убијам твоите проклети кучиња ако не се повлечеш. Што мислиш за тоа?”

Полицаецот одговара: „Се разбираме, господине“. Ќе им кажам да престанат сега“.

Ел Менчо возвраќа: „Не, не, не. Не спуштај телефон. Знам каде си. Во Чапала сме, човече“.

Подоцна во повикот, наркобосот испраќа заканувачки предупредување: „Ќе се отарасиме од сите вас. Сите сте ку*вини синови, бидејќи сите земате пари“.

Телефонскиот повик ненадејно завршува, а полицаецот одговара на барањата на Ел Менчо со едноставно „Се разбира, господине“.

Братот на Ел Менчо, Антонио Осегуера Сервантес, беше уапсен во државата Халиско на 20 декември.

Војската соопшти дека Осегуера бил вклучен во перење пари, купување на голем број оружје и координација на насилни напади врз ривалски банди, како и меѓународна трговија со дрога.

Љубчо Георгиевски во интервју: Мане и Жан од Томо барале да најде ПЛАТЕН УБИЕЦ за да ме ликвидираат (Видео)

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во интервју во „Во Центар“ кај Васко Ефтов обелодени дека Жан Митрев бил замешан во организирање негов атентат.

„Своевремено во весникот СВЕДОК на Томо Аврамски текстовите против Љубчо, со конструирани афери ги нарачувал Сашо Мијалков, а истите ги пишувале Мане Јаковлевски и Тодор Петров. Исто така Мане и Жан од Томо барале да најде ПЛАТЕН УБИЕЦ за да го ликвидираат…. При што Љубчо вели дека не може да разбере како и зошто токму Жан Митрев е замешан во таква операција…“, пишува Пулс 24.

(Вознемирувачко видео) Шокатни снимки од Гостивар: Отруени кучиња умираат среде улица…

На социјалните мрежи се шират шокантни виде од општина Гостивар на кои се гледа како по улиците на градот умираат кучиња кои очигледно се отруени од некого.

Тетово, Гостивар и Струга веќе подолго време имаат сериозен проблем со кучињата скитници кои редовно ги напаѓаат граѓаните.

Во Тетово генијалната идеја на општината беше да стави ценовник за каснување од кучиња, додека Мерко во Струга го пофали граѓанинот кој со пушка се реши да се пресмета со кучињата скинитци во општина посочувајќи дека доколку би имал време истото би го сторил и тој.

Очигледно и во Гостивар граѓаните ги земаат работите во свои раце.

Видеото погледнете го тука.

САУДИСКА МОДНА ИКОНА – Принцезата Дина Абдулазиз одби да носи хиџаб и гради приказна поинаква од строгите арапски правила за жените (Фото)

Саудиската принцеза Дина Аљухани Абдулазиз, не сакаjќи да ги следи строгите арапски правила на живот, успеала да си го изгради животот што го сака – да биде во светот на модата. Таа притоа одбила да носи хиџаб, а тоа „го правда“ со нејзиното „право на избор“, како што вели.

Модната икона, која е среде петтото десетлетие од својот живот, е родена во Калифорнија и студирала на неколку американски колеџи, а станала принцеза откако се омажила за саудискиот принц-султан бин Фахад бин Насер бин Абдулазиз кога имала 23 години.

Дина вели дека точно се сеќава на мигот кога решила животот да ѝ го посвети на модата, прво кусо како манекенка, а потоа, од 2006 година и како сопственичка на свој бренд.

– Ми помогна тоа што ме воспита мајка која секогаш сакаше добро да се облекува. Ја сметам за своја прва муза. И затоа, кога имав шест години, британскиот моден магазин „Татлер“ дојде во моите раце. Си помислив: „О Боже мој, Зар ова постои!?“ Посакав да знам сè за тоа. Го проучував секое списание, бев желна за сè што беше поврзано со модата, вели таа.

Од крајот на шеесеттите, жените во Саудиска Арабија се грижат за модата и купуваат уникатни модни парчиња, според оваа Саудијка.

– Тие не зборуваат за тоа, не го покажуваат пред другите, не се сликаат, затоа што тоа се смета за вулгарно, додаде таа.

Љубовта кон модата ја однела до местото уредник на арапското издание на списанието „Вог“ во 2016 година, но го напуштила две години подоцна. Дина е достапна и на Инстаграм, каде ја следат 114.000 луѓе.

„ГОТОВО СЕ ОТКАЖУВАМ ОД ТЕНИСОТ! ПЛАЧЕВМЕ!“ – ЈЕЛЕНА зборува за ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА НОВАК! Најважната улога ја одиграл СИНОТ!

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, минуваше низ тежок период во кариерата. Според неговата сопруга Јелена Новак, некогаш имал желба да го напушти тенисот.

Она што Новак Ѓоковиќ го доживеа во Австралија минатата година, да биде третиран како криминалец долго ќе го боли, а работите да бидат уште полоши, неговиот голем ривал Рафаел Надал го освои рекордниот 21 Грен слем во кариерата.

Сепак, тоа не е најголемата болка што ја доживеа Новак во кариерата.

Јелена Ѓоковиќ пред две години откри дека сака да остави се зад себе во 2018 година, откако загуби во два сета од Беноа Пер во Мајами.

„Тој ми рече: „Го напуштам тенисот“. беше како „Што?!“ И продолжи: „Едоардо (Арталди), разговарај со моите спонзори, сакам да бидам чист пред нив, не знам дали ќе го прекинам тенисот на шест месеци, една година или засекогаш, само кажи им…

Ако сакаат да останат во контакт со нас, добро, а ако не, и тоа е во ред, само сакам сите да бидат во ред со тоа“.

Јелен одеднаш се расплака и му рекла дека не може да го напушти тенисот.

„Плачевме сите ние. Му рековме „Што правиш, ова не е вистинскиот момент!“. Потоа отидовме на одмор… Знаете, тој одлучи да не игра тенис, не сакаше да прави ништо поврзано со тенисот.

А јас го сакам тенисот и децата ги земав со нас, играв тенис со нив. Па во една прилика додека игравме со децата тој се појави таму на третиот, четвртиот ден. И, ме виде дека ја најдов таа стара тениска машина, па ќе играм против неа, кога веќе немам соиграч.

Стефан собираше топки, игравме, навистина беше забавно, не беше само класичен тренинг, на кој беше навикнат. Тоа (класичниот тренинг) веќе не му беше забавен, беше премногу сериозно, премногу конкурентен и сакаше да ужива во тоа, без притисок“.

Одлучувачка улога ја имаше синот Стефан.

„За среќа, виде колку уживаме на теренот, колку ни се допаѓа сето тоа, и баш така, без патики, без кошула, само во шорцеви, вели „Може ли да ми дадете рекет, ве молам“ ( се смее).

И јас му велам: „Не, не може. Го напушти тенисот. Сега е наше време, напуштете го теренот. Се шегував со него, се разбира. И тогаш Стефан му вели „Добро, тато, сега можеш“. И ги зема топките, сервираше неколку пати и рече: „Хмм, не се чувствувам лошо“.

И тогаш го прашав дали може јас и тој да играме малку, па сепак игравме заедно со децата, а последниот ден за одмор ги зеде патиките, облече кошула за тренинг и ми рече „Знаеш, јави му се на Марјан (Вајда) и побарај од него повторно да ми биде тренер. А јас (се смее) му реков „Како сакаш ти, а останатото е историја“.

Јелена објасни каков е Новак во однос на менталитетот.

“Во тие десет дена чувствуваше дека навистина нема повеќе да игра тенис. Затоа што тоа беше годината кога по операцијата побрза да се врати на тенисот што е можно поскоро. Резултатите не дојдоа тогаш, а тој се обиде да постигне се што е можно поскоро. Луѓето му велеа „забави, успори“, а тој им одговори „Не сакам да успорам!“


„Затоа што, дури и кога сте повредени, вашиот живот е за закрепнување, и тука почна да губи… Паѓање. И паѓање. И паѓа губитник (се смее), но всушност е (прекрасен), затоа што закрепнува, како птица феникс, наоѓа мотивација. Треба да доживее целосен пад, да изгуби апсолутно сè, а потоа повторно да почне да ја гради таа кула… и тогаш таа кула е нереална, заклучи Јелена Ѓоковиќ.

Шеикот: „Дадов 200 милиони евра за Роналдо, а тој знае само Сиуууу“! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо се уште нема постигнато гол за Ал Наср на официјален меч, па дел од сопствениците на клубот почнаа да изразуваат незадоволство од неговите настапи.

Роналдо доби историски договор од клубот од Саудиска Арабија, 200 милиони евра по сезона. Па нивните очекувања веројатно се дека Португалецот треба да прави чуда на теренот.

Но, на првите два официјални меча, Роналдо не успеа да постигне гол. Ал Наср беше елиминиран во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија.

Разочаран од настапот на Роналдо на тој меч беше и тренерот Руди Гарсија кој рече дека се ќе било поинаку доколку Португалецот ја искористел големата шанса која ја промаши.

Но, многу поинтересна е реакцијата на еден од газдите на клубот, кој револтирано по мечот рече: „Дадов 200 милиони за Роналдо, а тој знае само суиии“.

Ваквата изјава на шеикот наиде на смеја кај останатите присутни, но се чини дека на него не му е до смеа.