Свети Трифун или Свети Валентин или обата празници заедно споени во едно, како еден хибриден празник за славење на виното и љубовта во пакет! Оние кои имаат кому да подарат љубов и сето останато што оди со неа, не пропуштаат да го сторат токму на тој ден. Од нежни прегратки, преку влажни бакнежи, па се’ до страсни воздишки и по некој романтичен подарок.
Они останатите пак, кој немаат понежна или посилна половина покрај себе, можат да им се препуштат на волшебствата на Свети Трифун, на виното и „вистината во него“.
Македонската мисица, модел, инфлуенсерка и сега пејачка Кристина Димитри по разводот е официјално „free“… Убавата дама е сама кога се емотивните врски во прашање, иако големо прашање е дали е така, зашто вака расна и страсна убавица, тешко дека може долго да издржи осамена… Но, она што не е официјално не се брои, па затоа Кристина Димитри за Денот на љубовта и виното реши да ги почести своите фанови и следбеници на социјалните мрежи со нова разголена, еротска фотосесија и тоа на необична локација.
Место каде скијањето, борадањето и санкањето се вообичаени за разлика од соблекувањето, иако по она што убавицата го прикажа, никој ништо лошо не и кажа и нема да и забележи.
Напротив, Кристина доби дузина пофалби за тоа како го одбележи празникот на виното и љубовта.
Атрактивната тетовка на познатата планинска локација во соседството на нејзиното родно место, се соблече во секси долна облека разголувајќи се на снегот.
Содржината продолжува после огласот
Уникатна формула за регулирање на дијабетес. Шеќер од 15 до 6,5 веќе во првата недела од употреба!Sponsored by MonadPlug
Бели танга гаќички и градник од провидна тантела украсени со црвено-бела цветна апликација за визуелна сатсифакција на „влажните машки погледи“. Сето тоа зачинето со жартиери и бели свилени чорапи, а долгите нозе обуени во високи црвени чизми над коленици.
Еротско издание на убавицата од кое ве лазат морници, што од самиот поглед на студеното, на многу повеќе од виденото… Изданието максимално сексапилно, а возбудата пуштена на најсилно.
Дали исправена со широко раширени раце…
…Или седната со расчекорени колена…
…Или легната со високо кренати нозе, расната Кристина со секоја нова жешка поза на брегот, го топеше снегот!
Разголената убавица како вистинска секси снежна кралица буди копнежи додека дели бакнежи и заводливи погледи, буди страсти бранувајќи ја фантазијата, која за миг ја поттикнува волшебната игра на сетилата…
Вистинска еротско-зимска пасторала во која сета природна убавина се збрала.
И тоа онака, како што многумина посакуваат и сонуваат со сексапилната тетовка да им се вкрстат патишта…
Но, посакувањата се едно, а реалноста нешто сосема друго, па затоа желбите очигледно остануваат само во доменот на соништата…
Како оние, кои Кристина Димитри ви ги подари за Денот на вљубените!
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.
Екипите на терен интервенираат поради поплавени делови во Тетово
Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.
Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.
Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.