Connect with us

Uncategorized

21 век кај нас уште УМИРААТ пациенти од СЕПСА !? – Затворени одделенија во Прилепската болница

Published

on

Пациентка на 52- годишна возраст починала по рутинска гинеколошка операција – киретажа поради менопауза, од засега непознати причини потврдуваат за „Слободен печат“ раководни структури од Општа болница Прилеп. 

Според нивни информации, триесет часа после киретажата, истата пациентка дошла на Инфективната клиника во Скопје, била на кислород и исклучително вознемирена, во исклучително тешка, септична состојба, а резултатите од крвната анализа биле лоши – ПИШУВА Слободен Печат.

Неколку операциони сали во општата болница Прилеп се затворени поради тоа што постои сомнение дека внатре има ретка опасна бактерија „серација“ но нејзиното присуство не е потврдено од страна на стручните служби, а смртта на пациентката не е потврдено дека е настаната поради сепса ниту дека е на било каков начин поврзана со евентуалната бактерија.

Она кое го потврдуваат нашите медицински извори е дека само интрахоспитална бактерија може да предизвика брза акутна септична состојба каква што имала пацинетката пред да почине. Од превентивни причини неколку одделенија се затворени за пациентите во Прилеп, а доколку бараат интервенција која не е итна, таа се одложува до целосно расчистување на состојбата.

-Редовната програма за операции се одложува, другите случаи се препраќаат во други болници, а само животозагрозувачките случаи се третираат додека да ги добиеме резултатите од анализите. Без резултатите не би можела да кажам дали има или нема бактерии. Салите се затворени на неколку одделенија, ортопедија, гинекологија, максилофацијална, очно, интензивна нега. Чекаме резултати, вели директорката на Општата болница Прилеп Кети Смилевска.

Суспекната бактерија серација може да предизвика сериозни инфекции кај болничките пациенти. Особено сензитивно е доколку пациентот користи катетар и така бактеријата може да се пренесе, според медицинската литература. Може да предизвика инфекции на уринарниот тракт, на дишните органи и очите. Симптомите на инфекцијата со серација на дишните патишта се запаление на грлото и носот и чувство на задушување. Серација може да предизвика запаление на белите дробови, менингитис, артритис и други тешки состојби.

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк