Британката Џен Аткин негирала дека имала какви било проблеми со исхраната додека нејзиниот вереник не ја оставил поради нејзината тежина. Тогаш, како што вели, се соочила со болната вистина.
„Отсекогаш бев дебела како дете. Во средно училиште килограмите се натрупуваа затоа што сакав храна и мразев вежбање. Мајка ми готвеое здрави оброци, но јас се прикрадував и јадев грицки и слатки. Стомакот ми беше како дупка. јадам и јадам и се чувствувам како никогаш да не сум била сита“, признала Џен.
Џен на 14-годишна возраст имала 83 килограми и морала да носи облека за возрасни.
„Ја држев главата надолу на училиште и малтретирањето беше страшно и често се враќав дома во солзи. Иронично, храната ми беше утеха и тоа беше единственото нешто на кое се радував“.
На 18 години си нашла партнер, но здравствената состојба и се влошила.
„Ги сакавме ноќите во барови и ресторани и уживавме во готовата храна што ја јадевме пред телевизорот. Негирав дека сум дебела, дури и кога слушав како луѓето мрморат дека сум „дебела крава“, секогаш се обидував да ја потиснам тоа. Одбивав да стапнам на вагата. Мојот став беше дека ако не знам колку тежам, нема проблем“.
Меѓутоа, реалноста ја натерала да се соочи со болната вистина.
„Мислев дека мојот дечко ме сака таква каква што бев. Се надевав дека ќе се венчаме во декември 2015 година, но во март истата година ми рече дека е готово. Бев уништена. Останав сама и почнав да се чувствувам лошо и уште повеќе да јадам. Неколку недели подоцна се облекував за кај една пријателка кога не можев да влезам во мојот омилен фустан. Мислев дека можеби се смалил при перењето, но кога зачекорив на вагата за прв пат по години, видов дека имам 114 килограми. Не можев да поверувам, па дури и го соблеков накитот за да бидам полесна“, ја опишала Џен прилично тешката ситуација.
Голема улога во целиот процес на слабеење имала нејината пријателка Софија.
„Ме запиша во теретана каде што работеше и кога видов други луѓе, кои исто така имаат вишок килограми, како креваат тегови или трчаат, полека почнав да ги следам. Ја подобрив и исхраната. Пред тоа секогаш коаг пазарев количката ми беше полна со бисквити и чипс, но сега почнав да ја гледам калориската содржина и готвев здрава храна“.
„Беше толку добро што продолжив. Мојот шеф не можеше да поверува колку сум се променила, не само физички. Порано бев намќор, но сега бев среќна и мотивирана на работа. Купив велосипед и почнав со него да одам во работа“.
Во 2018 година, Џен влегла во натпреварот за Мис Јоркшир – и победила. На натпреварот за Мис Британија го зазела осмото место, а следната година го освои второто место. Во 2020 година беше прогласена за Мис на Велика Британија.
Аткин верува дека нејзиниот поранешен би се гордеел со неа, но таа нема намера да контактира со него. Таа ја пронашла љубовта на својот живот и се омажила за Крис пет месеци пред да ја освои титулата.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.