Connect with us

Свет

Вештачката интелигенција одржа проповед во преполна црква: Ги замоли верниците да станат и да го слават Господ (Видео)

Четбот со вештачка интелигенција (АИ) ги замоли верниците во преполната црква „Свети Павле“ во германскиот град Фирт да станат од своите клупи и да го слават Господ.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

ЧетГПТ, отелотворен во аватарот на брадест црнец на огромен екран над олтарот, потоа почнал да проповеда пред повеќе од 300 луѓе во експериментална служба во лутеранската црква која речиси во целост ја генерирала вештачката интелигенција.

„Драги пријатели, чест ми е што стојам тука и ви проповедам како прва вештачка интелигенција на овогодинешната протестантска конвенција во Германија“, рекол аватарот со безизразно лице и монотон глас.

Таа 40-минутна слижба, вклучувајќи проповед, молитви и музика, ја креирале ЧетГПС и Јонас Зимерлајн, теолог и филозоф од факултетот во Виена.

https://youtu.be/xmXghWi2lf8

Црковната служба на вештачката интелигенција беше еден од стотиците настани на конгресот на протестанти во баварските градови Нирнберг и соседниот Фирт, и предизвика толку голем интерес што луѓето еден час пред да почне, формирале долг ред пред неоготската зграда од 19 век.

Самата конвенција „Конгрес на германската евангелистичка црква“ (Deutscher Evangelischer Kirchentag), се одржува секоја втора година на различна локација во Германија и привлекува десетици илјади верници да се молат, да пеат и да разговараат за нивната вера.

Тие зборуваат и за актуелните светски настани и бараат решенија за клучните прашања кои оваа година го вклучуваат глобалното затоплување, војната во Украина и – вештачката интелигенција.

Верниците во црквата внимателно слушале додека вештачката интелигенција проповедала за оставањето на минатото зад себе, фокусирајќи се на предизвиците на сегашноста, надминувајќи го стравот од смртта и никогаш не губејќи ја вербата во Исус Христос.

Целата служба ја „воделе“ четири различни аватари на екранот – две млади жени и две момчиња.

Во некои моменти аватарот генериран од вештачката интелигенција предизвикал и смеа, а некои воодушевено ја снимале масата со своите мобилни телефони, додека други гледале покритички, пренесува АП.

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading

Свет

Чернобил е сериозно оштетен – контролата над радиоактивното зрачење е изгубена

Заштитната структура на напуштената нуклеарна централа во Чернобил, изградена за да спречи ширење на радиоактивен материјал, повеќе не ја извршува својата клучна безбедносна функција по нападот со беспилотни летала од февруари годинава, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Според извештајот, инспекцискиот тим на МААЕ минатата недела потврдил дека дел од конструкцијата на т.н. саркофаг се урнал како последица од нападот, со што структурата ги загубила своите „примарни заштитни функции“ – меѓу кои и задржувањето на радиоактивните честички.

И покрај тоа, не е регистрирано трајно оштетување на носечката конструкција и на контролниот систем, наведува агенцијата.

Раководителот на МААЕ, Рафаел Гроси, соопшти дека биле извршени привремени поправки на покривот, но истакна дека е неопходна целосна реконструкција за да се спречи понатамошно влошување на состојбата и да се гарантира долгорочна нуклеарна безбедност.

МААЕ препорачува дополнителни заштитни мерки, реставрација на оштетените делови и ажурирање на системите за следење на корозија и влага, како и надградување на програмите за континуирано мониторирање.

Нападот на 14 февруари, кога дрон ја проби надворешната обвивка и предизвика пожар, Украина го припиша на Русија, додека Москва ги негираше обвинувањата.

Сегашната заштитна конструкција околу реакторот број 4 – кој експлодираше во катастрофата од 1986 година – е поставена во 2019 година за да спречи дополнително ширење на радиоактивно зрачење. По нападот, нивото на радијација остана во нормални граници и немаше извештаи за зголемена изложеност, потврдија ОН уште во февруари.

Continue Reading

Свет

Молдавија во мрак: Руски напади врз Украина предизвикаа голем енергетски хаос

Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со сериозни потешкотии поради масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, кои синоќа предизвикаа прекини и преоптоварување на системите во регионот.

Според соопштението на операторот, голема електрана била исклучена, а интерконекциите со Украина и Романија достигнале критични нивоа. Поради надминување на планираниот проток, Молдавија побара итна помош од Романија за стабилизирање на мрежата, објави „Ле Монд“.

Русија синоќа ги нападна регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск, таргетирајќи клучни објекти од украинската енергетска мрежа. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе области – меѓу кои Киев, Лвов, Одеса, Чернигов, Запорожје, Днепропетровск и Николаев – претрпеле прекини во снабдувањето со струја.

Руското Министерство за одбрана тврди дека мета биле компании од украинскиот воено-индустриски комплекс, инфраструктура која „го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на вооружените сили на Украина“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг