Connect with us

Свет

Работник во Унгарија по грешка добил плата од 92.000 евра

Published

on

Човек кому компанијата му ја прекинала работата пред истекот на пробниот период ѝ дал на компанијата сметка во австриска банка за да му ја исплатат преостанатата плата.

Компанијата на таа сметка префрлила 92.549 евра наместо 92.549 унгарски форинти што му ги должела, што биле во вредност од 238 евра. Набргу потоа, компанијата ја открила грешката и побарала од човекот да го врати вишокот.

Тој одбил да го стори тоа, оправдувајќи се на различни начини. Меѓу другото, тој им кажал дека нема пристап до сметка во австриската банка. Во исто време, тој подигнал околу 15.000 евра од банкомат во градот Капошвар во југозападна Унгарија.

Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да ѝ го врати вишокот на компанијата, обвинителството во Капошвар поднесе обвинителен акт против него. Тој е обвинет за злоупотреба на средства, објави обвинителството.

Австриските власти успеале да ѝ вратат поголем дел од парите на оштетената компанија. Обвинителството во Капошвар бара парична казна и надомест за преостанатата штета на компанијата.

Свет

ЕУ им забрани на земјите-кандидати за членство да присуствуваат на Парадата на победата во Москва

Published

on

Еевропската унија им забрани на земјите кои бараат членство да присуствуваат на Парадата на победата во Москва, соопшти Министерството за надворешни работи на Летонија.

„Вчера имавме напорна вечер со нашите партнери од Западен Балкан. Имаше многу јасни инструкции од земјите-членки на ЕУ за кандидатите да не учествуваат на парадата на 9 мај во Москва, да не прават такви патувања, бидејќи тоа не одговара на вредностите на ЕУ“, изјави министерката за надворешни работи Баиба Браже.

Српскиот претседател Александар Вучиќ јавно ја објави својата намера да ја посети Москва од земјите од Западен Балкан кои се кандидати за ЕУ.

Ќе присуствува и претставник на земја-членка на Унијата, словачкиот премиер Фицо.

Continue Reading

Свет

Трамп со нова изјава: „Милиони луѓе страдаат поради три личности“

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека дозволил избувнување на војната во Украина. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп напиша дека „Зеленски и Бајден направија апсолутно ужасна работа дозволувајќи оваа пародија да започне“.

Тој истакна дека, доколку останел во Белата куќа по првиот мандат, конфликтот никогаш немало да започне. „Ако претседателските избори во 2020 не беа НАМЕСТЕНИ – а беа, на многу начини – оваа ужасна војна немаше ни да се случи“, напиша Трамп, ден по балистичкиот напад на руската армија врз украинскиот град Суми.

Ова не е првпат Трамп да го напаѓа Зеленски – во минатото го нарече и „диктатор“, иако подоцна го повлече тој коментар. Во текот на својата претходна кампања, Трамп повеќепати повторуваше дека војната немаше да се случи доколку тој бил на власт.

Во разговор со новинари, Трамп го оцени Зеленски како некомпетентен, заедно со поранешниот американски претседател Џо Бајден. „Ако Бајден беше компетентен, и ако Зеленски беше компетентен – што не сум сигурен дека е – оваа катастрофа ќе можеше да се спречи“, рече Трамп, додавајќи: „Не започнуваш војна со некој кој е 20 пати поголем од тебе, а потоа се надеваш дека ќе добиеш проектили од други“.

На крајот, Трамп заврши со остра констатација: „Милиони луѓе страдаат поради три личности“.

Continue Reading

Свет

Поранешен аналитичар на ЦИА: “Зеленски се обидува да го измами Трамп”, откриени детали од планот

Published

on

Поранешен аналитичар на ЦИА: Зеленски се обидува да го измами Трамп користејќи го нападот во Суми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да го искористи неодамнешниот напад во Суми за да добие дополнителна американска поддршка, предупредува поранешниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон, во интервју за „Спутник“.

– Западот е исцрпен, и речиси финансиски банкротиран. Украина се обидува преку нападот врз нејзините трупи во Суми, очајнички да изнуди поголема помош – вели Џонсон, оценувајќи дека ситуацијата се користи како дел од поширока стратегија за манипулација пред американската јавност и претседателот Доналд Трамп.

Според него, Русија покажува неверојатно трпение последниве три години, и додава:

– Да беше обратно, и Русија да ги снабдуваше непријателските сили на САД со оружје и разузнавачки информации, Вашингтон тоа ќе го прогласеше за акт на војна.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека со ракетен систем „Искандер“ бил погоден објект во Суми каде што се одржувал состанок на украинскиот команден штаб. Според нивните податоци, при нападот загинале повеќе од 60 украински војници, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврдеше дека имало и офицери од земји-членки на НАТО.

Џонсон се повикува и на напис од „Њујорк тајмс“, каде новинарот Адам Ентос наведува дека американскиот генерал Каволи директно учествувал во планирањето на цели во Русија, користејќи американско оружје.

– Тоа не се поединечни акции. Станува збор за систематски операции со јасна поддршка и координација – истакнува Џонсон.

Тој смета дека Москва треба појасно да стави до знаење дека ќе се брани сè додека Западот не престане со воената и разузнавачка поддршка за Киев. Притоа, напомена дека Трамп сè уште нема дадено официјален коментар за нападот во Суми, алудирајќи на неговата позната непредвидливост.

Во заклучок, Џонсон потсетува на настанот во Буча од 2022 година, за кој вели дека бил искористен од западните сили за да се саботираат мировните преговори.

– Тогаш Украина имаше силна армија, полни складишта и широка поддршка. Денес, Западот е уморен, ослабен и не може да продолжи да го води овој конфликт со истиот интензитет – заклучува Џонсон, предупредувајќи дека Зеленски се обидува повторно да ја „игра истата карта“, но дека шансите за успех се сè помали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк