Connect with us

Uncategorized

НЕМА ДА ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ СО СТРУЈАТА ВО ЗИМСКИТЕ МЕСЕЦИ

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава и покрај најавите на некои европски земји дека очекуваат проблеми во текот на зимата.

– Што се однесува до турбуленции на пазарот на електрична енергија во Европа, јас бев меѓу првите уште летоска којшто зборуваше дека како ќе доаѓа зимата, така ќе има потреби да се влече енергија од пазарот во Европа од страна на Украина, бидејќи за жал таму поради руската агресија е целосно уништен електроенергетскиот систем на државата. Сето ова ќе влијае во насока на зголемување на цените на електричната енергија на берзите – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто.

Тој додаде дека сепак не очекува да има некои позначителни потреси на пазарот во земјава.

– Од она со кое што располагам како информација, на почетокот на грејната сезона имаме за повеќе од два и пол пати помалку дефекти од она кое што било по принципот како до сега. Она што го имаме како располагање на ресурс во РЕК Битола и во другите електрани е на нивото очекувано за овој период од годината. За жал, хидрологијата е намалена, некаде околу 22-23%, можеби требаше да биде над 30 во овој период но таква беше годината – сушна. Ценам дека капацитетите со коишто располага државата подготвени ќе ја дочекаат и ја дочекаа оваа грејна сезона и не очекувам да имаме некои позначителни потреси на пазарот – рече Мицкоски.

Сега, како што кажа, работат двата блока во РЕК Битола, бидејќи нема потреба за повеќе, а од втора половина на декември ќе биде вклучен по потреба и третиот блок.

За ветувањето дека ќе се укине давачката за пристап од 200 денари на сметките за потрошена електрична енергија за граѓаните, рече дека ќе биде укината во текот на мандатот на оваа Влада.

– Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога тие ќе бидат готови ќе донесеме одлука која што е најважна и најдобра за граѓаните – рече Мицкоски.

Во насока на консолидација, како што посочи, е и одлуката да не се префрлаат пари на АД ЕСМ, туку самата компанија преку кредит да си ги плати старите долгови.

– Пари на Државни електрани се префрлувале. Поентата е сега со работењето на ова раководство да се консолидира компанијата и помалку да се префрлаат. Тоа е суштината. Кредитот којшто е земен е за да ги плати старите долгови наследени од претходното раководство во големина од 5 милијарди денари и тоа се средства коишто се наследени од претходно. Заемот е земен по исклучително поволни услови, ќе има и грејс период од две-три години, доволен период за да може компанијата да се консолидира. Ние продолжуваме да работиме во насока на консолидирање на јавниот сектор и државата од она кое што е наследено од претходната влада на СДСМ и ДУИ и добро е што полека но сигурно се консолидира сето ова – потенцира Мицкоски.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг