Connect with us

Македонија

Русинка се пријавила во тетовската полиција

Published

on

Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово денеска извести дека на 9 ноември 2024 година во 15:30 часот, во Полициската станица Тетово се пријавила државјанка на Русија, Д.В. (28), поради пречекорување на дозволениот престој во Република Северна Македонија. Лицето е задржано во полициската станица за понатамошна постапка.

Македонија

Лизгалиштето кај Магнолија направи рекорд: 2000 лизгачи во само еден ден!

Published

on

Во текот на вчерашниот ден лизгалиштето кај Магнолија во само еден ден го направи нивниот рекорд од 2000 посетители.

Во срцето на Битола, на сам Широк сокак, со поглед кон градскиот часовник, градот раскажува на радост на најмладите и по некој возрасен ја раскажува зимската приказна.

Continue Reading

Македонија

ВОЗИЛО НА МНР ВО НЕСРЕЌА: Тројца повредени на улица „Ацо Шопов“

Published

on

Рано утрото во неделата (29.12), околу 05:55 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „Рексон“ , сопственост на Министерствто за надворешни работи, управувано од В.П. на 26 години од Скопје имало сообраќајна незгода.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници 30-годишниот А.В. од скопско Инџиково, и 23-годишниот А.Х. од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

ШОК ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО: 200 кг небезбедна храна уништени, 43 локали со сериозни прекршувања!

Published

on

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли.

Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица.

Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк