Connect with us

Македонија

Приведен тетовец на „Благоја Тоска“

Published

on

На 19.11.2024 во 18.40 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(30) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето од с. Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него. Лицето е последниот осомничен во предметот „Планина“ кој по наредба на обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од три години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица членови на две организирани криминални мрежи. Во тогаш спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство и за нив истрагата беше прекината до нивно пронаоѓање. Од септември 2021 година до август 2023 година четворица од осомничените меѓу кои и првоосомничениот беа се лишени од слобода, по што истражната постапка против нив продолжи. Единствено недостапно беше лицето кое во текот на вчерашниот ден беше уапсено.

Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, на детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за три лица беше донесена Наредба за запирање на истрага, од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје.

Continue Reading

Македонија

И Стејт департментот ќе го обвинат ли за политички прогон на Груби?

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмаздничка и селективна правда.

– Се надевам дека ова допира до Обвинителството и има правна процедура во којашто ако имаме личност која знае каде се наоѓа бегалец од законот дека ќе ја повика таа личност и таа ќе даде одговор на прашањето каде се наоѓа бегалецот од правдата. За се останато можам да дадам коментар дека на секого во државата му е јасно како се поставуваа обвинители и судии изминативе седум години. Истите тие без кои не можеше да помине квалификацијата преку Акадијата на судии и јавни обвинители, сега велат дека правдата некому му била оневозможена и дека ова било политички прогон. Да потсетам – именуваното лице бегалец се наоѓа на листата на санкции на САД и таму јавно велат дека ова лице заедно со едно друго се поврзуваат со големи коруптивни скандали. Претпоставувам дека нема да го обвинат и Стејт депарментот дека прави политички прогон, изјави денеска Мицкоски.

Според премиерот, најлесен начин да се докаже дали некој е виновен или не, е да дојде, да даде исказ и да се соочи со правдата.

– Нема ништо лошо во тоа да дојдеш и да кажеш дали си во право или не, а обвинителите и судиите да одлучат понатаму што и како. Ние не се мешаме, тие нека одлучат врз основа на доказите што ќе ги добијат од истрагата, рече Мицкоски.

Од републичкото Јавно обвинителство денеска излегоа со информација дека за Груби е распишана национална и меѓународна потерница и дека домашните и меѓународните органи задолжени за извршување на тие наредби имаат овластување да ги преземат сите неопходни мерки вклучително и да повикаат други лица доколку тие имаат сознанија каде се наоѓа осомничениот.

Continue Reading

Македонија

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

Published

on

Амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот „Државна лотарија“ е во бегство, денеска изјави дека нема коменетар во однос на тоа што се случува со Груби, но порача оти е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела.

„Немам коментар во однос на тоа што се случува со Артан Груби. Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела и се надевам дека тој (Груби) е еден од нив, изјави Агелер, која учествуваше во Претпразничната чајанка во ЈП „Лајка“.

Во однос на процедурата за разрешување на членови на Судски совет што се избираат во Собранието, исто така истакна дека треба да постои одговорност но и процесот треба да биде транспарентен.

„Мислам дека јас и Амбасадата бевме многу јасни во однос на нашиот став за Судскиот совет и другите институции во рамките на правосудството. Повторно ќе кажам, треба да постои одговорност но и процесот треба да биде транспарентен, со цел граѓаните да разберат што се случува и зошто“, рече Агелер.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк