Connect with us

Балкан

ДАЛИ СРБИТЕ ЛЕТОВО ЌЕ ЈА ИЗБЕГНАТ МАКЕДОНИЈА? Влезот на Бугарија во Шенген може да ги смени туристичките рути до Грција

Откако Бугарија влезе во Шенген зоната од 1 јануари, српските туристи можно е летоска да ја избегнуваат Македонија, бидејќи времето ќе им биде „скратено“ за една граница.

Српските медиуми проверуваат како тоа ќе изгледа во пракса и дали повеќе патници ќе се упатат кон српско-бугарската граница Градина.

Земјите-членки на Европската унија одлучија да ја укинат контролата на луѓето на внатрешните копнени граници со и меѓу Бугарија и Романија од 1 јануари 2025 година, така што оваа одлука ќе влијае и на патувањето во Грција. Бугарија стана членка на Шенген зоната на која ѝ припаѓа Грција, што значи дека се укинуваат граничните контроли меѓу двете земји.

Затоа, ова лето секој што ќе реши да патува во Грција преку Бугарија би требало да има пократко, полесно патување со помалку гужви, особено во шпицот на сезоната.

Истражувањето на неколку српски портали покажа дека оваа опција вреди да се разгледа. Анкетите покажале дека 37 отсто од испитаниците изјавиле дека летово би патувале преку Бугарија, додека 18 отсто рекле дека тоа ќе зависи од метежот на границата. Оние кои не сакале да поминат низ оваа земја биле 34 отсто, додека 11 отсто одговориле дека воопшто нема да поминат низ Бугарија.

Туристичките автобуси нема да ги менуваат линиите и до Грција ќе патуваат по познатата рута преку Македонија, но таа опција  останува за оние кои до море патуваат со сопствен превоз.

Како причина, тур-операторите наведуваат дека патници од Ниш, Врање и од Лесковац, нема да ја менуваат рутата.

Српските туристи кои ќе ги изберат дестинациите како што се Тасос, Кавала и евентуално Неа Врасна, во пракса би било подобро да возат преку Бугарија, во однос на километрите, како и дека ќе има една граница помалку.

Проблемот во летните месеци е што граничниот премин Градина е доста фреквентен.

– Таа граница е позафатена од граничните премини Табановце и Богородица, има огромни гужви. Во пракса мислам дека нема да донесе ништо. Сè уште е побрзо да се оди преку Македонија. Ако одиме преку Бугарија, ќе трае исто толку бидејќи 120 километри на таа вкупна траса не се автопатишта, а горивото е поевтино во Македонија – велат тур-операторите.

– Иако рутата е нешто пократка и нема да има граница меѓу Грција и Бугарија, ние ќе ја користиме рутата преку Македонија бидејќи нашите искуства со бугарската граница не се големи во однос на брзината на минување. Ова го видовме благодарение на нашите летни одмори во Турција. Затоа веруваме дека доколку оваа граница дополнително се оптоварува со поголем број автобуси до Грција, нема да има заштеда на време – велат од друга српска туристичка агенција.

Проблемот со граничниот премин Градина за време на летото е што се создаваат огромни гужви од големиот број турски граѓани кои престојуваат во ЕУ кои преку оваа рута патуваат за Турција. Така, чекањето е често трае неколку часа.

„Патувањето ќе биде поедноставно и можеби побрзо ако летувате на Атос (трет крак на Халкидики) или на островот Тасос и регионот Стримоникос (Ставрос, Неа Врасна, Аспровалта, Неа Рода, Олимпијада, островот Амулијани). Додека големо прашање е дали е погодно за престој во Ситонија, а особено во Касандра, бидејќи километражата е многу поголема, а патиштате не се најдобри“, велат туристичките агенции.

– Значаен дел од нашите туристи во изминатиот период престојуваа една ноќ во Македонија на некои дестинации како Дојран, Охрид и слично. Во секој случај можно е оваа одлука да биде мотив за повеќе наши туристи кои ќе поминат нивните лета во Грција – додаваат туристичките оператори.

До морето водат две рути 

Ако одите со сопствен автомобил, постојат две главни рути по кои можете да одите до Грција (може да одите и преку Албанија, но исклучително ретко се користи) – преку Македонија и преку Бугарија.

При изборот, луѓето обично одлучуваат врз основа на нивната почетна точка, односно градот од кој го започнуваат своето патување, но и самата дестинација во Грција. Огромното мнозинство ја избира рутата преку Македонија, со исклучок на туристите од источна Србија или оние кои можеби летуваат на Тасос, Аспровалта или Ставрос. Сепак, можеби една граница помалку и гужвите на граничните премини ќе влијаат на изборот на рута во оваа година.

Ако одите од Белград до Солун, патот низ Македонија е пократок за нешто повеќе од 40 километри и може да се каже дека е поквалитетен затоа што сѐ е автопат, освен една мала делница во Грција, каде се вози по широки главни патишта.

Кога планирате патување, треба да знаете дека Србија, Македонија, Бугарија и Грција не се во иста временска зона. Во Србија и Македонија е исто време, но Бугарија и Грција се еден час понапред. Значи, кога е тука 12 часот, во Бугарија и Грција е 13 часот.

Останува само да се почека спроведувањето на оваа одлука и да се види по која рута ќе се движат туристите од Србија преку Грција.

Извор: plusinfo.mk

Advertisement

Балкан

Косово доби моќно оружје

Косово го примило германскиот противтенковски систем „Панцерфауст 3“ како дел од билатералната безбедносна соработка, објавија косовските медиуми. Испораката има за цел зајакнување на одбранбените капацитети на Косовските безбедносни сили (КБС) и нивна постепена модернизација во согласност со стандардите на евроатлантските партнери.

Косовските власти потенцираат дека системот ќе се користи исклучиво за одбранбени цели и професионална обука. „Панцерфауст 3“ е еден од најнапредните противтенковски системи што ги користат неколку европски армии. Договорот со Германија се оценува како дополнителен доказ за поддршката на Берлин за стабилноста и безбедноста во регионот.

Continue Reading

Балкан

Тирана во хаос: Протестите пред Владата ескалираа со молотови коктели и судири

Тензична и насилна ноќ ја одбележа Тирана, откако масовниот протест на обединетата албанска опозиција пред владината зграда ескалираше во отворени судири со полицијата. Демонстрациите, најавени како притисок за смена на власта, прераснаа во хаос со фрлање молотови коктели, пиротехника и оштетување на државен имот.

За време на говорите на опозициските лидери, дел од демонстрантите започнаа да фрлаат запаливи направи кон Владата, по што избувна оган и мораше да интервенира противпожарно возило. Толпата се обиде да го пробие полицискиот кордон, при што беше откорнат дел од заштитната метална ограда. Во инцидентите, според официјални информации, повреден е еден полициски службеник.

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, од говорницата упати остри пораки кон премиерот Еди Рама, обвинувајќи го за корупција и криминал. Тој порача дека опозицијата ќе го „собори режимот“ и најави, како што рече, „политички погреб“ за актуелната власт, споредувајќи ја состојбата во Албанија со масовните бунтови во други земји.

Бериша истакна дека протестите се „историска и животна шанса“ за спас на државата, повторувајќи ги клучните барања на опозицијата – формирање техничка влада и одржување слободни и фер избори.

Владините институции, очигледно, очекувале ескалација. Околу 1.500 полициски службеници беа распоредени околу објектот, поставени беа дополнителни метални заштитни конструкции, а превентивно беа отстранети новогодишната елка и украсите од просторот пред Владата, која целосно беше претворена во силно обезбедена зона.

Continue Reading

Балкан

ВИДЕО: Тепачка во турскиот парламент поради Ататурк

Синоќа во Турското Големо национално собрание дојде до сериозен инцидент кога расправата за државниот буџет прерасна во физичка пресметка меѓу пратеници од власта и опозицијата. Наместо аргументи и амандмани, салата накратко се претвори во сцена на туркање и размена на удари, откако беа изнесени спротивставени ставови за улогата и наследството на Мустафа Кемал Ататурк.

Вербалните провокации брзо ескалираа, по што неколкумина пратеници влегоа во директен судир. Тепачката траеше околу десет минути, а обезбедувањето и дел од пратениците се обидуваа да ги раздвојат инволвираните и да воспостават ред во салата.

И покрај хаосот, работата на парламентот продолжи. Откако тензиите се смирија, пратениците се вратија на своите места и пристапија кон гласање. Нацрт-законот за буџетот за 2026 година беше усвоен со 320 гласа „за“ и 249 „против“, а паралелно беше изгласан и финансискиот извештај за 2024 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата јавна реакција воопшто не го спомена инцидентот. Тој се фокусираше исклучиво на усвојувањето на буџетот, оценувајќи дека тој ќе биде од корист за државата, граѓаните и економијата.

Причината за судирот, како што наведуваат турските медиуми, биле спротивставените толкувања и политички ставови околу значењето на ликот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, тема која и понатаму предизвикува длабоки поделби на турската политичка сцена.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг