Connect with us

Балкан

ГРЧКАТА ОПОЗИЦИЈА БАРА ГЛАСАЊЕ ЗА НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА И НОВА ИСТРАГА ВО ВРСКА СО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО 2023 ГОДИНА

Две години по железничката несреќа во Темпи, во која загинаа 57 луѓе и по жестоките демонстрации во повеќе грчки градови, со кои беше одбележана тажната годишнина, во грчкиот парламент ќе се расправа за предлогот на ПАСОК за формирање на собраниска предистражна комисија за можни прекршоци направени од тогашниот заменик министер, Христос Триантопулос.

Грчката парламентарна опозиција побара расправа „на тема злосторството Темпи“, а лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис ќе поднесе барање за недоверба на владата, по основ на неодамна објавените наоди на експертската комисија, која работеше на утврдување на причините за несреќата и која ги објави резултатите од истрагата ден пред на годишнината од трагедијата.

Андрулакис ги повика „сите демократски опозициски партии да ја поддржат“ неговата иницијатива, бидејќи се потребни 50 потписи за поднесување предлог за недоверба, додека ПАСОК има 32 пратеници.

Според Уставот на Грција, за формирање собраниска комисија за спроведување на прелиминарно испитување (Предистражна), потребно е апсолутно мнозинство од вкупниот број пратеници. Гласањето за предлогот за недоверба, пак, се одржува веднаш по завршувањето на расправата, но може да се одложи за 48 часа доколку тоа го побара Владата. Предлогот за недоверба се прифаќа само доколку биде одобрен со апсолутно мнозинство од вкупниот број пратеници.

Грчкиот премиер Константинос Мицотакис, во своја писмена објава на социјалните мрежи по повод протестите на двегодишнината на трагедијата во Темби, истакна: „Во петокот нашата демократија ја докажа својата сила“.

Мицотакис повторно упати „апел да му се верува на судството и да му се дозволи да ја врши својата работа без влијание“. Во правна држава, само таа ја има одговорноста, престижот и способноста да расветли случај кој толку многу не повреди. Ниту партиите, ниту народните судови…“, напиша премиерот во својата неделна објава. „Оваа трагедија не беше само ужасна случајност, ниту само трагичен резултат на човечки грешки. И извештајот на ЕОДАСААМ го потврди тоа“.

На двегодишнината од железничката несреќа во Атина и во Солун беа откриени споменици на загинатите, главно млади луѓе, од кои поголем дел од Солун. Спомениците се дрвја на кои има паднато 57 листа со испишани имиња и возраста на загинатите во несреќата.Најавени се и нови протести.

Advertisement

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ: Србија има гориво до 15 јануари

Српскиот претседател Александар Вучиќ увери дека Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел и бензин најмалку до 15 јануари, а можеби и до 25 јануари, обидувајќи се да ги смири граѓаните по информациите за проблеми во нафтената индустрија.

Иако државата веќе 70 дена функционира без увоз на нафта, Вучиќ истакна дека енергетскиот систем е стабилен и дека нема причина за паника пред претстојните празници. Тој сепак призна дека ситуацијата е комплицирана, особено поради статусот на Нафтната Индустрија Србија (НИС), за што Белград следната недела ќе испрати итни барања до американската канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) за добивање оперативна лиценца.

„Доволно керозин, мазут, дизел и бензин обезбедивме најмалку до 15 јануари, можеби и до 25 јануари. Никој не треба да се грижи, имаме безброј технички проблеми, но државата знае како да ги реши“, рече Вучиќ.

Претседателот потенцираше дека Србија нема да дозволи колапс на енергетскиот сектор и им се заблагодари на граѓаните за поддршката. „Ве уверувам дека ќе имате доволно од сè што е потребно за празниците. Ќе добивате навремени информации за секоја промена“, додаде тој.

Continue Reading

Балкан

Тешка несреќа на Дурмитор: Турист загина по пад од жичара, жена тешко повредена

Трагичен инцидент се случи денеска на ски-центарот Савин Кук на Дурмитор, кога две лица – странски туристи – паднале од корпа на ски-лифт, при што едно лице го загуби животот, а друго се здоби со тешки повреди.

Несреќата се случила на жичара број два, во стрмниот втор дел од трасата што води кон Савин Кук. Според првичните информации, загинал маж, додека повредената жена е во свесна состојба и комуникативна.

На терен се ангажирани спасувачки и надлежни служби, кои вршат увид и ја утврдуваат причината за инцидентот. Првичните сознанија укажуваат на можен технички дефект во вториот дел од жичарата, по што корпата во која се наоѓале туристите започнала да се движи наназад.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг