Connect with us

Економија

Пари: Банките со 282,8 милиони евра профит, државата добива само 38,8 милиони од даноци – еве што откри анализата

pari

Банките во Македонија минатата година одработиле и заработиле 282,8 милиони евра. Износот ја претставува вкупната добивка остварена во банкарскиот сектор, во чиј состав, заедно со државната Развојна, се 13 банкиРезултатот е за 21,7 проценти подобар од профитот што ја одбележа претходната 2023 година. Креиран е во „услови на сериозни предизвици и неизвесности, проследени со неповолни движења“, посочуваат банките во своите извештаи. И, повторно потврдија дека се отпорни на надворешните и на внатрешните случувања и влијанија.

Во системот има пет големи, три средни и пет мали банки. Од нивното успешно функционирање, во ќар е и државата. Од нив наплатила 38,8 милиони евра на име данок на добивкаЗа 60,33 насто повеќе во однос на 2023 година, кога била инкасирана сума од 24,2 милиони евра. Пред да се намират давачките кон државата, вкупниот износ на профитот за 2024 година е 321,6 милиони евра, се гледа од податоците и показателите за банкарскиот систем што ги објави Народната банка, кои ги анализира порталот Пари.

Од аспект на групите банки, забележани се следните постигнувања: големите банки имаат профит од 284,7 милиони евра бруто и 249,69 милиони евра нето; средните – 27,07 милиони евра бруто и 24,32 милиони евра нето; малите банки9,77 милиони евра во бруто и 282,76 милиони евра во нето-износ. Остварувањата се засновани, во најголем дел, врз зголемената кредитна активност, но и врз растот кај депозитната база.

Во сето ова, најголем е придонесот на трите најголеми – Комерцијална банка, Стопанска банка и НЛБ банка. Доминантната тројка на домашниот банкарски пазар лани оствари заедничка добивка од 191,2 милиони евра.

Пресметаните и наплатени камати на банките им обезбедиле приливи од вкупно 459,1 милион евра. Станува збор за нето-износ, кој споредено со нивото од претходната 2023 година, е повисок за 12,3 проценти. Подетално, само од каматите банките приходувале 576 милиони евра. Но, по таа основа имаат и трошоци, односно на клиентите им исплатиле 116,8 милиони евра. Од кои, на домаќинствата и на физичките лица – 104,5 милиони евра.

Целиот текст може да го прочитате на Пари.мк

Advertisement

Економија

Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство

Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.

Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.

Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.

Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.

Continue Reading

Економија

Хрватска ги менува правилата за странски работници – еве колку дозволи има за Македонците

Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегалните практики. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени критериуми и барање за познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ.

Граѓанин на трета земја, како Македонија, за прва дозвола за привремен престој ќе мора да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Исто така, познавањето на хрватскиот јазик се смета за основа за интеграција на странските работници, а државниот секретар Иван Видиш посочи дека и покрај кофинансираното учење јазици од Европскиот социјален фонд, интересот кај работниците е слаб.

Хрватска годинава издаде над 11.000 работни дозволи за граѓани од Македонија. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека во последните две години се создадени 100.000 нови работни места, а бројот на невработени паднал на 81.000, што го покажува ефектот од активната политика за вработување.

Министерот за труд Марин Пилетиќ додаде дека во земјата моментално има околу 140.000 странски работници, а измените на законот ќе го намалат бројот на нови дозволи, додека ќе се зголеми значењето на оние кои веќе се наоѓаат во Хрватска.

Претседателот на GSV, Иван Мишетиќ, посочи дека во наредните пет години ќе бидат потребни над 100.000 работници од странство поради планираниот раст и пензионирањата, бидејќи домашниот пазар не може да го задоволи овој раст.

Continue Reading

Економија

Од вечерва нова цена на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,631%, кај дизелот за 4,633%, кај екстра лесното масло за 3,987% и кај мазутот зголемувањето е за 0,223%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1645%.

Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар);
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар);
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар);
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар);
– Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм).

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг