Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Национален ден на Република Македонија на ЕКСПО 2025 во Осака

by Уредник
01.05.2025
in Uncategorized

Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска свечено бил одбележан Националниот ден на Република  Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се одржува во Осака, Јапонија.

Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, нашата држава е претставена со павилјон што го симболизира нејзиното богатство – земја со длабока историја, култура и исклучително археолошко наследство, сместена во срцето на Балканот.

На настанот се обратил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на шеф на владината делегација, во чиј состав се и министрите за култура и за европски прашања, Зоран Љутков и Орхан Муртезани, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, Владимир Нелоски.

Во своето обраќање, министерот Муцунски изразил благодарност до Владата на Јапонија, градот Осака, граѓаните на Јапонија и организаторите на ЕКСПО „за исклучителното гостопримство и за создавањето на оваа платформа за заедничко осмислување на иднината, под мотото: ’Креирање општеството на иднината за нашите животи’“.

Муцунски истакна дека македонскиот павилјон го симболизира богатството на нашата земја — држава со длабока историја и култура, соисклучително археолошко и културно наследство, сместена во срцето на Балканот.

Држава која е препознаена како „бисер на Балканот“, благодарение на својата природна убавина, традиција и богатата културна ризница. Вредности кои ја прават државата привлечна туристичка дестинација и вистински бисер на Балканот.

Тој се осврна и на можностите за инвестирање, развојот на билатералните односи со Јапонија, континуираната поддршка што нашата земја ја добива од јапонските партнери, како и на потенцијалот за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка меѓу двете земји, соопшти МНРНТ.

Next Post

Навивач падна од трибини на американски стадион

Турската полиција на нозе: приведени 384 лица по судирите на протестите

Препорачани Вести

Еурофарм Пелистер го победи Загреб во Битола со 25-23

5 months ago
Градоначалникот на Истанбул денес пред суд: Му се закануваат седум години затвор?

Градоначалникот на Истанбул денес пред суд: Му се закануваат седум години затвор?

10 months ago

Популарни Вести

  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не го вратил изнајмениот автомобил: Кривична пријава за 38-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската во Буркина Фасо ги забрани сите партии и го национализира нивниот имот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп уверува: Мировниот договор меѓу Москва и Киев е сè поблизу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прегазен малолетник вечерва во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.