Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Раскол во тимот на Таравари, додека еден Арбен кокетира со Ахмети другиот најавува ослободување на општините од ДУИ

by Уредник
08.05.2025
in Uncategorized

Раскол во тимот на Арбен Таравари, каде додека еден Арбен кокетира со Али Ахмети другиот Арбен најавува ослободување на општините од ДУИ.

Додека лидерот на фракцијата на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вели дека е можна соработка и со ДУИ за локалните избори неговиот близок соработник Арбен Фетаи кој е министер за добро владеење најавува расчистување со лошото владеење на ДУИ.

Во пост на Фејсбук Фетаи вели дека партијата ДУИ скапана структура која деградирала се што допрела и затоа треба да се случи ослободување од неа. 

,,Го започнав моето политичко патување во Самоопределување! – движење кое ме обликуваше како поединец, политички и национално. Таму научив дека политиката е мисија и дека не смее да се сфаќа како професија. Од 2017 година па наваму, ја посветив целата моја посветеност на Алијансата за Албанците, бидејќи таму го видов природното продолжение на тој пат и највредната можност да донесам промена таму каде што најмногу боли: во мојот роден град.

Не беше лесен патот, со години конфронтација со скапана структура наречена ДУИ, која деградираше сè што допре”, пишува Фетаи кој открива дека во борбата се соочил со радости и разочарувања, но никогаш не се откажал. 

,,И тогаш се случи она што изгледаше невозможно: обединувањето на албанските опозициски сили во ВЛЕН каде што и јас имав среќа и чест да дадам значаен придонес. И на барање на мојот претседател, д-р Арбен Таравари, решив да се откажам од удобниот живот во Белгија за да преземам одговорност”, објавува Фетаи според кого по две децении чекање, надежта за промена станала реалност.

,,Дали ВЛЕН беше совршен? Не. Како и секоја унија изградена меѓу разлики и различни истории, и таа бараше време, тестирање и созревање. Но, тоа беше неопходен почеток, искрен обид да се демонтира криминален систем и да се изгради друг заснован на вредности, достоинство и правда. И поради оваа причина, имаше жестоко непријателство од оние кои зависат од одржување на расипан поредок.

Но, дали ВЛЕН беше надеж? Да, без најмало сомнение. Тоа беше храбар национален проект кој ни докажа дека да, Албанците можат да се обединат против заедничкото зло.

Јас сè уште верувам. Верувам дека Алијансата за Албанците ќе остане верна на својот пат – патот на Арбри, на достоинство и храброст. И верувам дека, со заедничка волја, можеме да ја најдеме формулата за ослободување на секоја албанска општина од лошото владеење на ДУИ. Ова е нашата мисија. Нападите и ударите под појасот не придонесуваат за оваа мисија. За оваа мисија ќе продолжам да се борам, без да ги проколнувам оние со кои донесовме промени, без да се поклонувам”, пишува Фетаи.

Next Post
ВРЕДИ: Главната идеологија на ДУИ е личниот интерес!

ВЛЕН: Таравари им украде пет мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ каде што врие криминал и корупција!

ВИДЕО: Моќно торнадо го погоди регионот Тулчеа во Романија

Препорачани Вести

АСФАЛТОТ ПОПУШТИ, НО ОДГОВОРНОСТА НЕ: ОПШТИНА БИТОЛА СО ИТНА АКЦИЈА ЗА „БУРСА“

8 months ago

ФФМ спроведува обука за Replay оператори во рамки на ВАР проектот

8 months ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.