Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кардиолог препорачува: Обидете се секој ден да пронајдете барем по 5 минути за оваа активност – го штити вашето срце и здравје

by Уредник
14.05.2025
in Uncategorized
Кардиолог препорачува: Обидете се секој ден да пронајдете барем по 5 минути за оваа активност – го штити вашето срце и здравје

Само пет минути дневно за подобро здравје: Шетањето како едноставна, но моќна навика

Иако е одамна познато дека редовното шетање е корисно за здравјето, кардиолози посочуваат дека понекогаш е доволно да одвоиме само пет минути дневно за да направиме значајна разлика за нашето здравје.

Група кардиолози за американскиот портал Parade објаснува дека и кратка физичка активност, во траење од само пет минути, може да има позитивен ефект врз целокупниот организам. Иако ваквата активност не може целосно да ги надомести последиците од седечкиот начин на живот или нездравата исхрана, лекарите нагласуваат дека редовните, дури и мали, навики се клучни за долгорочно здравје.

Кратките шетачи како спас од седење

Кардиологот д-р Шан Куршид предупредува дека долготрајното седење значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања, дури и кај лицата кои редовно вежбаат. „Во текот на денот мора да најдеме време за кратки движења. Не се важни само долгите тренинзи“, истакнува тој.

И неговата колешка, професорката по кардиологија д-р Ерика Спац, се согласува дека дури и пет минути физичка активност може позитивно да влијае врз телото и умот. „Во текот на работниот ден, меѓу два состаноци, одам по кафе или едноставно се прошетувам. Ако не можам да ја напуштам канцеларијата, правам неколку вежби зад бирото. Дома го шетам кучето во побрзо темпо“, вели таа.

Придобивки за телото и умот

Редовното шетање ја подобрува циркулацијата, го намалува крвниот притисок, го намалува нивото на лош холестерол (LDL), и го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и дебелина. Но, користа не застанува тука — шетањето позитивно влијае и врз мозокот. Д-р Спац посочува дека физичката активност го регулира лимбичкиот систем, делот од мозокот што ги контролира емоциите. „Кога лимбичкиот систем е во рамнотежа, полесно донесуваме рационални одлуки — и на работа, и дома“, објаснува таа.

Како да постигнете максимален ефект?

Експертите препорачуваат овие пет минути да ги искористите за брзо одење — со такво темпо што ќе ве остави малку без здив, но сè уште ќе можете да изговорите кратки реченици. Тоа го поттикнува срцевиот ритам и ја подобрува циркулацијата.

За оние кои мислат дека немаат време, д-р Спац има практичен совет: „Наместо состаноци од еден час, планирајте ги да траат 45 минути. Искористете ги преостанатите 15 минути за кратка прошетка. Вашите колеги ќе ви бидат благодарни, а вие ќе направите нешто добро за своето здравје“.

Д-р Куршид дополнува дека дури и телефонски разговор може да биде совршена можност за шетање — важно е само да станете и да се движите.

Next Post
Стареат како добро вино: Овие хороскопски знаци живеат најдолго

Стареат како добро вино: Овие хороскопски знаци живеат најдолго

Според астрологијата, ова е најлошиот знак во хороскопот! Луѓето родени во овој знак го имаат најлошиот карактер

Според астрологијата, ова е најлошиот знак во хороскопот! Луѓето родени во овој знак го имаат најлошиот карактер

Препорачани Вести

Ѓорѓиевски и Митески со младите од Аеродром: Заедно за нова енергија и визија

4 months ago
Еден европски град наголемо се подготвува за руска инвазија: Ги очекуваат во секој момент, а ги дели само еден мост

Еден европски град наголемо се подготвува за руска инвазија: Ги очекуваат во секој момент, а ги дели само еден мост

10 months ago

Популарни Вести

  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не го вратил изнајмениот автомобил: Кривична пријава за 38-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската во Буркина Фасо ги забрани сите партии и го национализира нивниот имот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп уверува: Мировниот договор меѓу Москва и Киев е сè поблизу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прегазен малолетник вечерва во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.