Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Јапонија испрати сериознo предупредување до Кина

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized
Јапонија испрати сериознo предупредување до Кина

Јапонија со предупредување до Кина поради носачот на авиони „Лиаонинг“ во близина на Иво Џима

Јапонската влада денеска изрази загриженост поради присуството на кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ во водите источно од островот Иво Џима во Тихиот Океан и најави засилено следење на состојбата, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

На редовната прес-конференција во Токио, генералниот секретар на јапонската влада Јошимаса Хајаши потврди дека официјален Токио ѝ упатил „соодветна дипломатска нота“ на Кина во врска со инцидентот.

Според податоците на Здружениот генералштаб на јапонските одбранбени сили, „Лиаонинг“, во придружба на неколку кинески воени бродови, пловел во рамки на ексклузивната економска зона на Јапонија, во близина на ненаселеното островче Минамитори, лоцирано источно од Иво Џима и околу 1.000 километри јужно од главниот град Токио.

Јапонските власти потврдија дека во неделата од палубата на „Лиаонинг“ полетале и слетале борбени авиони и хеликоптери во областа околу Иво Џима, што дополнително ги зголемило тензиите.

Одговор дојде и од кинеското Министерство за надворешни работи, од каде што изјавија дека носачот на авиони дејствувал „во целосна согласност со меѓународното право и поморските практики“.

Портпаролот на кинеската дипломатија, Лин Џиен, на прес-конференција во Пекинг изјави дека Кина доследно спроведува одбранбена политика и ги повика јапонските власти да ја анализираат ситуацијата „објективно и рационално“.

Next Post
Ново разочарување за претседателот на Украина: Најновиот потег на Трамп го изненади Зеленски

Ново разочарување за претседателот на Украина: Најновиот потег на Трамп го изненади Зеленски

Русија го изврши најголемиот напад со дронови врз Украина од почетокот на војната

Русија го изврши најголемиот напад со дронови врз Украина од почетокот на војната

Препорачани Вести

Лишени од слобода двајца возачи од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното

Лишени од слобода двајца возачи од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното

5 months ago

Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега

1 year ago

Популарни Вести

  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не го вратил изнајмениот автомобил: Кривична пријава за 38-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската во Буркина Фасо ги забрани сите партии и го национализира нивниот имот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп уверува: Мировниот договор меѓу Москва и Киев е сè поблизу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прегазен малолетник вечерва во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.