Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лисиците не напаѓаат луѓе: Апел од Анима мунди да не се крева паника доколку се види лисица во град

by Уредник
17.06.2025
in Uncategorized
Лисиците не напаѓаат луѓе: Апел од Анима мунди да не се крева паника доколку се види лисица во град

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ упати апел до јавноста да не се крева паника при појава на лисици во урбани или рурални средини.

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје. Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна експанзија и недостиг на храна. Ова не е закана, туку јасен сигнал дека и тие бараат начин да опстанат.

Лисиците се плашливи, интелигентни и претежно ноќни животни кои се плашат од луѓето и избегнуваат контакт. Присуството на лисици во урбана средина не значи дека се болни или агресивни. Напротив, во многу големи градови како Лондон, Берлин, Торонто, па и Љубљана, лисиците веќе се дел од урбаната дива фауна и живеат паралелно со луѓето без никакви инциденти.

Што треба да направите ако видите лисица?

– Не обидувајте се да ја бркате, фаќате или храните.
– Не оставајте остатоци од храна или отворени канти за ѓубре, затоа што тоа ги привлекува.
– Ако сте со домашно милениче – држете го на поводник и останете смирени, лисицата ќе избега.
– Пријавете ако видите повредена или залутана лисица.

– Лисиците се дел од природата на нашата земја. Нека незнаењето не биде храна за ирационален страв и отпор. Наместо тоа, потребна ни е свесност, почит и разбирање кон овие животни кои се обидуваат да опстанат. Ве повикуваме да бидеме град кој живее во хармонија со природата – велат активистите на Анима Мунди.

Тие споделија и мислење од Македонското еколошко друштво (МЕД):

„Лисиците се редовни жители на Водно и често се забележуваат и во градските населби како Жданец, Водно, Козле и Нерези. Забележувањето на мајка со млади е јасен показател дека се работи за здрави единки. Лисиците, како и другите животни кои се опортунисти во исхраната, лесно може да бидат привлечени во градските и во селските средини од органски отпад кој не се селектира и не се собира редовно“.

Next Post
Повеќе од 50 загинати во најновите израелски напади на Појасот Газа – ги чекале камионите со хуманитарна помош

Повеќе од 50 загинати во најновите израелски напади на Појасот Газа - ги чекале камионите со хуманитарна помош

Божиновска: Македонија ќе гради безбедна и фер енергетска транзиција во согласност со глобалните стандарди

Препорачани Вести

Трагедија на аеродром во САД: Приватен авион се урна при полетување – има жртви

4 days ago
Коњановски: Работа, развој и резултати

Коњановски: Работа, развој и резултати

6 months ago

Популарни Вести

  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не го вратил изнајмениот автомобил: Кривична пријава за 38-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската во Буркина Фасо ги забрани сите партии и го национализира нивниот имот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп уверува: Мировниот договор меѓу Москва и Киев е сè поблизу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прегазен малолетник вечерва во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.