Connect with us

Балкан

Виолета ги откри сите тајни за најевтино летување: “Никогаш не би погодиле колку пари потрошивме за 10 дена одмор во Албанија”

Кога се зборува за летување со ограничен буџет, најчесто слушаме совети од типот „застани на гиро, не пиј кафе надвор, носи леб од дома“. Но ретко кој отворено ќе ви каже колку точно пари потрошил – и уште поретко некој ќе признае дека за цели 12 дена на море платил помалку отколку за една викенд-шопинг тура во Белград или Скопје.

Токму тоа го направи Виолета – 38-годишна медицинска сестра од Прешево, која на Facebook без задршка сподели детали од својот одмор во Албанија, предизвикувајќи стотици коментари, дебати и дури и неверување.

„Не се фалам, ама еве вака – за 12 дена во Ксамил, две возрасни и едно дете, вкупно потрошивме 420 евра. Тоа е со сѐ – сместување, храна, пат. Луѓето не веруваат.“, напиша Виолета.

Како е можно?

Виолета ја објаснува својата формула за економично летување без да се чувствува дека се лишува од нешто:

„Сместувањето го најдовме преку познаник – приватна куќа во близина на плажа, 20 евра по ноќ, со кујна и тераса. Немаше луксуз, ама беше чисто, домаќински и мирно.“

Храната, вели, била комбинација од домашно и локално:

„Носевме сувомеснато, тестенини, ориз и зачини од дома. Во локалните маркети купувавме зеленчук, овошје и риба – и тоа евтино, на ниво на пазар во Србија. Јадевме и надвор, ама само кога ќе нè фати мерак. Три пати вечеравме во ресторан, секогаш под 15 евра за сите тројца.“

Одмор без изнајмување лежалки

Клучен дел од заштедата, според неа, е избегнување на оние „невидливи трошоци“ што знаат да го испразнат паричникот.

„Не плаќавме лежалки, си носевме чадор. Пешачевме наместо да користиме автомобил за кратки релации. Наместо кафе на шеталиште, си пиевме турско кафе од термос на плажа.“

„Албанија ме изненади повеќе од Грција“

„Не сум пристрасна, и во Грција ми е убаво, ама Албанија лани беше полн погодок. Чисти плажи, љубезни луѓе, без гужви. Никој не ти вика за дете што прска вода, нема казни ако паркираш малку накриво“, вели Виолета со насмевка.

На прашањето дали би го повторила ова искуство, одговара без двоумење:

„Оваа година ќе резервираме 14 дена.“

Виолета стана вистинска инспирација за многумина кои бараат паметни решенија за одмор без кредит. Нејзината објава е споделена над 500 пати, а коментарите под неа се мешавина од прашања, пофалби и понуди за совети од други штедливи патници.

Едно е јасно – кога човек знае што прави, одморот не мора да биде луксуз за богатите, туку достапен момент за секого што знае да го планира.

Advertisement

Балкан

Камери со вештачка интелигенција ќе ги фаќаат сите сообраќајни прекршоци во Грција

kamera

Во само четири дена, новите сообраќајни камери со вештачка интелигенција во Атина забележаа над 2.000 сериозни прекршоци, откривајќи ја моќта на технологијата во борбата за безбедни патишта.

На авенијата Сингро, една од камерите регистрирала повеќе од 1.000 прекршоци, меѓу кои користење мобилен телефон додека се вози и неносење безбедносен појас, јавува „Катимерини“. Во исто време, речиси 800 возачи биле фатени како ја надминуваат брзината на дел од патот со ограничување од 90 километри на час, додека 480 случаи на поминување на црвено светло ја покажуваат сериозноста на проблемот.

Минатата недела на осум локации е започната пилот-програмата, со висок ризик по препорака на грчката полиција, која е дел од пошироката кампања на властите за зголемување на безбедноста на патиштата.

„Ова е политичка одлука со јасна социјална цел. Целта е намалување на сообраќајните несреќи и спасување животи“, изјави министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу. Тој истакна дека акцијата не е само казнувачка, туку и предупредувачка: „Сакаме граѓаните да знаат дека правилата важат за сите и се спроведуваат на фер и современ начин.“

Камерите детектираат сериозни прекршоци како брзо возење, поминување на црвено, неносење појас, користење мобилен телефон при возење и нелегално користење на ленти за итни случаи. Возачите ќе бидат известени преку дигиталното поштенско сандаче на платформата gov.gr или преку електронска пошта, а жалбите ќе можат да се поднесуваат онлајн.

Властите веќе најавија планови за ширење на мрежата на 2.500 камери низ целата земја: 2.000 фиксирани на критични локации и 500 во јавниот превоз за контрола на автобуските ленти, со цел да се создаде „невидлива мрежа“ за безбедност на патиштата.

Continue Reading

Балкан

За католички Божик и Нова година без блокади: Границата со Грција се отвора

По повеќе од три недели протести и блокади низ цела Грција, земјоделците најавија дека привремено ќе ги отворат граничните премини и патиштата. Престанокот на блокадите ќе важи во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година, и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.

Според грчките медиуми, овој потег е направен со цел туристите и граѓаните да можат непречено да ги реализираат своите планови за прослава на католичкиот Божиќ и Нова година во соседната земја.

Премиерот Кирјакос Мицотакис истовремено истакна дека голем дел од барањата на земјоделците веќе се исполнети. „Од листата со 27 побарувања, 16 се веќе задоволени или се разгледуваат позитивно. Четири се во процес на дискусија за да се најде решение, додека само седум не можат да се реализираат поради спротивност со европските регулативи или финансиска неизводливост“, објави Мицотакис на Фејсбук.

И покрај тоа, земјоделците не се откажуваат од својата борба. Протестите започнаа на 30 ноември со околу 60 блокади ширум земјата, вклучувајќи и клучни гранични премини.

Со оваа одлука, граѓаните конечно ќе можат да го поминат празничниот период без ограничувања, додека земјоделците продолжуваат да се борат за исполнување на своите незадоволни барања.

Continue Reading

Балкан

Тензии во Нови Пазар: Државниот Универзитет  отпушти 30 професори, студентите излегоа на протест поради таквата одлука

Вчера во Нови Пазар се одржа масовен студентски протест, откако Државниот универзитет донесе одлуки кои предизвикаа силни реакции кај академската и студентската јавност. Студентите излегоа на улица во знак на револт поради укинување на статусот редовен студент на околу 200 лица, како и отпуштање на 30 професори.


Според организаторите, отпуштените професори биле дел од академскиот кадар кој јавно го поддржувал студентското движење, кое започна по трагичниот пад на натстрешницата во Нови Сад.

Студентите оценуваат дека мерките на универзитетското раководство претставуваат притисок и обид за задушување на критичкиот глас во високото образование.
На протестот беа упатени барања за оставка на одговорните во управата на универзитетот, поништување на донесените одлуки и враќање на отпуштените професори, како и враќање на студентскиот статус на засегнатите студенти.


Протестот помина мирно, но со силни пораки дека студентите нема да се откажат од борбата за, како што велат, академска слобода, правда и солидарност. Организаторите најавија дека доколку не се исполнат нивните барања, протестите ќе продолжат и во наредниот период.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг