Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вонредна состојба на Хиос: Огромни пожари ги зафатија селата, евакуирани стотици луѓе

by Уредник
23.06.2025
in Uncategorized

Островските власти на грчкиот остров Хиос прогласија вонредна состојба поради големите пожари што беснеат на територијата на островот, овозможувајќи централизирана координација на операциите за гаснење и мобилизација на специјални единици од копнениот дел на Грција.

Досега се евакуирани 17 села, како и центар за прием на мигранти. Стотици луѓе се префрлени на безбедни локации, а според најновите извештаи, туристите во моментов не се во непосредна опасност.

Силните ветрови продолжуваат да ги разгоруваат пламените јазици и значително ја отежнуваат работата на пожарникарите, јавуваат грчките медиуми.

Локалните власти соопштија дека во акцијата се вклучени речиси 200 пожарникари со 38 противпожарни возила, како и неколку хеликоптери и авиони. Дополнителни сили пристигнаа на островот со бродови од копното за да помогнат во справувањето со огнената стихија.

Официјалните лица предупредуваат дека опасноста сè уште не е помината и апелираат за претпазливост и строго почитување на евакуациските насоки.

Next Post

Истражна постапка за брутален напад – жртвата со тешки повреди, осомничени татко, син и малолетник

Тетовец уапсен поради напад на својата сестра

Препорачани Вести

Мицкоски очекува убедлива победа на Коњановски на локалните избори во Битола и мнозинство во Советот

Мицкоски очекува убедлива победа на Коњановски на локалните избори во Битола и мнозинство во Советот

8 months ago

Божиновска за МИА: Од концесии во првите шест месеци наплатени над 500 милиони денари, целта ни е да воведеме европски стандарди и знам дека ќе успееме во тоа

4 months ago

Популарни Вести

  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не го вратил изнајмениот автомобил: Кривична пријава за 38-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската во Буркина Фасо ги забрани сите партии и го национализира нивниот имот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп уверува: Мировниот договор меѓу Москва и Киев е сè поблизу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прегазен малолетник вечерва во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.