Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Божиновска: „Чебрен“ ќе стане реалност – темел за енергетска независност и стабилна иднина

by Уредник
25.06.2025
in Uncategorized

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ги презентираше резултатите од првата година работа на новото министерство, истакнувајќи ги клучните реформи и проекти што се спроведени со цел модернизација на енергетскиот сектор и зајакнување на домашната енергетска независност.

Најзначаен чекор, според Божиновска, е донесувањето на новиот Закон за енергетика, изготвен од домашни експерти и целосно усогласен со европските директиви. Законот овозможува либерализација на пазарот, воведување паметни броила, дигитализација и складирање енергија преку батериски системи. Освен тоа, првпат се дефинираат граѓански енергетски заедници и се овозможува граѓаните да произведуваат и продаваат електрична енергија.

„Со законот воведовме и методологија за енергетска сиромаштија и законска забрана за исклучување струја на ранливи категории во зимскиот период. Доделени се 60 милиони денари директна помош, а до крајот на годината ќе следуваат нови субвенции“, изјави министерката.

Во изминатата година, министерството реализираше и значајни инвестиции во обновливи извори. Потпишани се договори за три нови соларни централи – „Битола 1“, „Битола 2“ и „Осломеј 2“, кои ќе обезбедат струја за над 7.000 домаќинства. Започната е и втората фаза од ветерниот парк Богданци со инвестиција од 37,6 милиони евра. Исто така, почна изградбата на интерконекторот со Грција, со заштеда од 12 милиони евра и ангажман на домашна компанија како изведувач.

Министерството наплати 247 милиони денари од концесии – двојно повеќе од претходната година, и за првпат издаде зелена гаранција за потекло на струја. Исто така, стартуваше и тргувањето со струја во евра преку берзата МЕМО.

Божиновска посебно го потенцираше проектот „Чебрен“, за кој рече дека ќе стане факт, а не само предизборно ветување: „Чебрен не е политички маркетинг – тоа е обврска. Секој мегават од оваа хидроцентрала ќе значи чекор поблиску до енергетска независност.“

Таа порача дека граѓаните очекуваат реални резултати, не закони на хартија: „Стабилна цена на струјата значи светло во училниците и топлина во домовите. Нашата цел е чиста, стабилна и паметна енергија – во рацете на државата и домашните инвеститори.“

Next Post

Меџити: Медресата и верските училишта конечно добиваат правна регулатива по 30 години манипулации

Алкалоид и Комерцијална во фокусот – МБИ10 расте

Препорачани Вести

Двајца осомничени за разбојништво во Куманово

Двајца осомничени за разбојништво во Куманово

8 months ago

Скопје: Маж нападнал вработен во казино и бил агресивен кон полицијата

4 months ago

Популарни Вести

  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не го вратил изнајмениот автомобил: Кривична пријава за 38-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската во Буркина Фасо ги забрани сите партии и го национализира нивниот имот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп уверува: Мировниот договор меѓу Москва и Киев е сè поблизу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прегазен малолетник вечерва во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.