Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Следува силно невреме во Македонија, обилни дождови, ветер и громови!

by Уредник
04.08.2025
in Uncategorized
Следува силно невреме во Македонија, обилни дождови, ветер и громови!

Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина и тоа од северозапад преку алпскиот регион, во нашата Република Македонија денес (понеделник 4 август) ќе се формираат фронтални и големи влажни бранови и грмотевични конвективни облаци од кои во поголем дел од нашата Македонија очекувам врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни и ќе наврнат над 20/25 литри дожд на метар квадратен.

Атмосферските процеси на повеќе места ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелирам граѓаните во случај на појава на електрични празнења да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Температурите пак денес (понеделник 4 август) ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 33 степени. Во Скопскиот регион максималната температура денес (понеделник 4 август) ќе се искачи до околу 28 степени.

На повеќе места нестабилно со врнежи од дожд, појава на грмежи, засилен ветер и со услови за локално невреме ќе биде и во вторник (5 јули).

МетеоАларм – Славчо Попоски 

Next Post
Нов силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер

Нов силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер

23 пожари на отворен простор на територија на Република Македонија – 4 сè уште активни

23 пожари на отворен простор на територија на Република Македонија – 4 сè уште активни

Препорачани Вести

Иран во крв и пламен: Властите обвинуваат дека терористи убиле над 5.000 невини жртви

2 weeks ago

Продажба во услови на промени: одржлив раст, ризици и одговорност

18 hours ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.