сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Продажба во услови на промени: одржлив раст, ризици и одговорност

by Redakcija
28.01.2026
in Македонија

Во услови на зголемена економска неизвесност, брзи промени во потрошувачките навики и сè построги регулативи, продажбата денес има многу поширока улога од остварување на таргети. Таа значи внимателно управување со ризици, прилагодување кон пазарните промени и планирање на одржлив раст.

За актуелните предизвици во продажбата разговараме со Магда Моловска, директор за продажба во Expanda – една од водечките дистрибутивни компании

Како ја започнувате новата година од аспект на продажба и планирање?

Годишното планирање секогаш го гледам низ три клучни призми: таргетите што треба да ги оствариме, ризиците што треба да ги менаџираме и одржливоста на бизнисот на подолг рок. Во нашата индустрија тоа значи дека не планираме само бројки, туку и сценарија затоа што условите на пазарот, регулативата и навиките на потрошувачите се менуваат.

Плановите за годината се веќе поставени, залихите се испланирани, а инвестициите во дистрибуција, луѓе и едукација се направени однапред. Тоа е нормален и одговорен пристап, особено во индустрија која работи под строга регулатива и постојано е под јавен фокус.

Кои се клучните ризици со кои се соочува продажбата денес?

Продажбата денес не се соочува со еден, туку со повеќе ризици истовремено. Ги имаме промените во навиките на потрошувачите, зголемената ценовна чувствителност, притисокот врз маржите, проблемите во синџирите на снабдување, како и пошироките економски и геополитички фактори.

Покрај сето тоа, сè поизразен е и регулаторниот ризик. Особено кога промените доаѓаат нагло и без доволно време за адаптација. Тогаш последиците не се само пад на продажбата, туку и отпис на залихи, притисок врз ликвидноста и директно влијание врз луѓето што работат во системот.

Од аспект на ризик менаџмент, најголемиот предизвик е да се најде баланс меѓу пазарната реалност и навременото усогласување со регулативата.

 

Како гледате на Предлог-законот за заштита од пушење?

Како индустрија сме свесни дека вакви регулативи се очекувани и во голема мера се усогласени со европските стандарди. 
Целта – заштита на јавното здравје, особено на младите е секако и наша цел и заложба, и сите наши активноси и досегашно наше работење е во насока на ова начело – заштита на малолетните лица.

 

Каде го гледате главниот предизвик?

Предизвикот не е во целта, туку во начинот и темпото на имплементација. Во земја каде што околу 45% од возрасното население консумира тутунски производи, европските стандарди не можат да се воведуваат преку ноќ.

Кога нема доволно време за адаптација, ризикот е да се создадат несакани ефекти и за бизнисите, и за пазарот, и за системот во целина.

Дали постои ризик од контра ефект?

Да, и тоа е нешто што мора отворено да се каже. Строга регулатива, без паралелна едукација на населението, може да доведе до неприфаќање од страна на потрошувачите, пренасочување кон сивата економија и на крај, до намалени приходи за државата.

Од аспект на ризик менаџмент, тоа е сценарио кое сите треба да го избегнеме.

Каков пристап би бил најсоодветен според вас?

Фазен пристап. Јасни рокови. И вклучување на сите засегнати страни.
Фокусот не треба да биде само на рестрикција, туку и на едукација. Само така може да се постигне долгорочен ефект.

Каква е улогата на индустријата во овој процес?

Индустријата е подготвена за соработка и ја поздравува иницијативата. Ние веќе инвестираме во иновации, подобри алтернативи и одговорна комуникација со полнолетните корисници. Токму во таа насока веруваме дека треба да се движи и имплементацијата на законот.

 

Ваша завршна порака?

Регулативата е неопходна. Но нејзиниот ефект зависи од тоа како ќе се спроведе.
Со внимателен, етапен и инклузивен пристап, можеме истовремено да ги заштитиме новите генерации и да ја зачуваме економската стабилност.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

31.10.2026

Подгответе ги чадорите: Недела и понеделник ќе поминат во знакот на дождот

31.10.2026

Мицкоски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

31.10.2026

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

31.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Меџити најави враќање на автентичниот изглед на Старата скопска чаршија

7 месеци ago
Мицкоски најавува финализирање на автопатот Кичево-Охрид со домашно финансирање

Мицкоски најавува финализирање на автопатот Кичево-Охрид со домашно финансирање

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.