Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВЛЕН: Скандалозни набавки во МНР за време на мандатот на Бујар Османи

by Уредник
11.09.2025
in Uncategorized

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди ВЛЕН покажуваат дека за организацијата на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, во декември 2023 година, МНР склучило договор за изнајмување возила во вредност од 56.640.000 денари за дводневна конференција.

Според Кадриу, во договорот не било предвидено постоење на контролнo тело кое би потврдило колку возила се користеле, каков тип на возила бил ангажиран и колку денови. Ова, како што истакна, создава сомнежи за злоупотреба и корупција. Цените за VIP, средни и 8+1 возила биле трипати повисоки од претходниот договор со истиот оператор за исти услуги.

ВЛЕН постави прашања до Османи за тоа кој ја потврдил бројката на возила, зошто цените биле толку високи и каде завршиле дополнителните 700.000 евра. Кадриу нагласи дека Државниот завод за ревизија веќе регистрирал сериозни неправилности и случаите се предадени на Јавното обвинителство, оценувајќи ја ситуацијата како системска корупција и злоупотреба на државни средства.

Next Post
Во јули регистрирани 210.000 туристи, најмногу од Турција, Србија, Полска и Холандија

Во јули регистрирани 210.000 туристи, најмногу од Турција, Србија, Полска и Холандија

Еве што ве чека од октомври на границите во ЕУ – нови правила и за Македонија

Еве што ве чека од октомври на границите во ЕУ - нови правила и за Македонија

Препорачани Вести

Израел даде дозвола за влез на уште 100 камиони со хуманитарна помош во Газа

Израел даде дозвола за влез на уште 100 камиони со хуманитарна помош во Газа

9 months ago

Тивок раст на берзата – банките со позитивен тренд

8 months ago

Популарни Вести

  • Пратеничката Лозановска: Обезбедени средства за реконструкција на Ресурсниот центар и Студентскиот дом во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обвинението на ОЈО ГОКК ја забрзува правдата според швајцарскиот модел! Дали се урива конструкцијата на Коцевски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците во Албанија со тужба против Владата поради центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Скопје до Њујорк и назад: Успешната прилазна на Игор Илиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интерпол распиша црвена потерница по Меденица осуден на над 10 години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.