Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нестле најавува масовни отпуштања за намалување на трошоците

by Уредник
16.10.2025
in Uncategorized

Прехранбениот гигант „Нестле“ објави дека ќе отпушти околу 16.000 работници во следните две години како дел од стратегијата за намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста.

Според планот, околу 12.000 работни места ќе бидат елиминирани во административните оддели ширум светот, а дополнителни 4.000 работници ќе бидат отпуштени по спроведување мерки за оптимизација на производството и синџирите на снабдување.

„’Нестле’ мора да се прилагоди побргу на променливите глобални услови“, изјави извршниот директор Филип Навратил, додавајќи дека тоа е тешка, но неопходна одлука за компанијата.

Компанијата има за цел да ги намали трошоците за три милијарди швајцарски франци (околу 3,23 милијарди евра) до 2027 година, што е повисок износ од претходно планираните 2,5 милијарди франци.

Во првите девет месеци од 2025 година, приходите на „Нестле“ изнесуваа 65,9 милијарди франци (70,8 милијарди евра), што е пад од 1,9% во споредба со истиот период лани. Сепак, кога се исклучуваат ефектите од валутните флуктуации и еднократните ставки, приходите бележат раст од 3,3%.

За целата 2025 година, менаџментот очекува малку посилен органски раст во однос на минатата година, која забележа раст од 2,2% – најниска стапка на раст за најмалку 25 години.

Next Post

Интервју со Дејан Митески: Аеродром ќе биде општина што дише – зелена, чиста и насочена кон младите

Проданоски: 88 милиони денари за нова медицинска опрема во прилепската болница „Борка Талески“

Препорачани Вести

Тежок удар за Реал Мадрид – Камавинга ја заврши сезоната поради повреда

Тежок удар за Реал Мадрид – Камавинга ја заврши сезоната поради повреда

9 months ago

Тоневски: Фонтани, подземни контејнери и ново возило за смет во Пробиштип

3 months ago

Популарни Вести

  • Македонците во Албанија со тужба против Владата поради центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Скопје до Њујорк и назад: Успешната прилазна на Игор Илиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интерпол распиша црвена потерница по Меденица осуден на над 10 години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсени две лица турски државјани поради криумчарење мигранти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со 4.672.878 евра ќе се реконструира прилепскиот студентски дом „Орде Чопела“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.