недела, мај 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Со 4.672.878 евра ќе се реконструира прилепскиот студентски дом „Орде Чопела“

by Redakcija
31.01.2026
in Република

Ќе се реконструира Училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп, како дел од владиниот проект за реконструкција на училишни домови во државата. За таа намена се обезбедени 4.672.878 евра, со кои е предвидена комплетна реконструкција на објектот.
Во рамки на реконструкцијата е предвидена целосна замена на водоводната, електричната и топлотната мрежа, поставување на фотоволтаична централа заедно со енергетски ефикасно греење, замена на старите котли на нафта (како резервна варијанта за греење на објектот), новопроектиран систем за санитарна топла вода, термичка изолација на целиот објект, нова изолација на кровната конструкција, како и целосно внатрешно уредување. Реконструкцијата опфаќа и поставување на нови санитарни јазли, нов мебел и нови содржини во просториите за забава, одмор и рекреација, сè со цел постигнување на енергетска ефикасност според европските стандарди.
Реализацијата на проектот е предвидена да започне во средината на јули, а реконструктивните активности ќе се одвиваат етапно.
Инаку, Училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп има капацитет за сместување на 333 ученици и студенти. Моментално во домот се сместени 166 ученици кои посетуваат настава во петте средни училишта во Прилеп, како и 20 студенти кои студираат на Економскиот факултет во Прилеп. Со реконструкцијата ќе се обезбеди енергетски поефикасно и поквалитетно сместување за учениците и студентите кои своето образование го продолжиле во Прилеп.
Ова е уште еден показател дека Општина Прилеп се грижи и инвестира во иднината на младите, со цел подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, како и создавање подобри услови за учење и студирање.
Со проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови се опфатени вкупно девет студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од 20 милиони евра од Германската развојна банка и грант од 4,8 милиони евра од Европската Унија, преку Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан.

Related Posts

Проданоски: Слободата на медиумите е столб на демократијата и заедничката иднина

03.05.2026

Телемедицина во Македонија: Лекари од дијаспората влегуваат во системот – ќе се лечиме онлајн, пилот-проектот веќе работи во Дебар и Делчево

02.05.2026

СО „БУДЕЊЕ“ НА РИСИМА РИСИМКИН НА 5 МАЈ ВО БИТОЛА СЕ ЗАТВОРА „ТАНЦ ФЕСТ“

02.05.2026

Проданоски: „Топташ Родео 2026“ ќе го стави Прилеп на мапата на мотоспортот

03.05.2026

Дигитален идентитет за невидливите: „Мој термин“ отвора врата за граѓаните без документи

02.05.2026

Во Смилево започнува дводневна културна манифестација „Смилевски конгрес 2026“

01.05.2026

Препорачани Вести

Зеленски го именува шефот на воената разузнавачка служба за нов шеф на својот кабинет

4 месеци ago
ЗНМ прославува 80 години со доделување на годишни награди

ЗНМ прославува 80 години со доделување на годишни награди

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Димовски: Раст на платите, извозот и уплатите во буџетот од ТИРЗ зоните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка несреќа во Скопје: 14-годишно девојче повредено по судир со тротинет и автомобил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ерменија и Бугарија потпишаа стратешко партнерство – Пашинјан ја објави веста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа кај „Врановски Анови“: Автомобил удри пешак, пренесен во Скопје со сериозни повреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува сезоната на фестивали: мај и јуни носат вино, храна, музика и градска енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.