Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трамп го одбил Зеленски: „Не знам ни каде е таа линија“ – нема ракети за Украина

by Уредник
23.10.2025
in Uncategorized
Трамп постави ултиматум: Имате три недели

Детали од средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, одржана кон крајот на минатата недела, откриваат затегната атмосфера и отфрлање на украинските барања. Според изворите на Фајненшл тајмс (FT), Трамп бил видливо изнервиран од разговорите и дури ги фрлил картите од бојното поле што му ги презентирал Зеленски, изјавувајќи дека е „уморен од гледање на мапи и линии“.

Американскиот претседател, наводно, му рекол на Зеленски дека нема да испрати ракети „Томахавк“ во Украина, и извршил притисок тој да ги прифати условите што рускиот претседател Владимир Путин ги предложил за прекин на војната. Изворите на FT тврдат дека тие услови фактички значат украинска капитулација и повлекување од преостанатите територии во Донбас.

„Ако не го потпишеш тоа, ќе бидеш уништен“, наводно му рекол Трамп на Зеленски, предупредувајќи го дека Украина ја губи војната. Притоа, ја пофалил руската економија како „во одлична состојба“ и повторил дел од пораките што Путин му ги пренел претходниот ден.

Во јавниот дел од средбата, Трамп веќе најави дека нема да ја исполни испораката на „Томахавк“ ракети, велејќи дека „на САД им се потребни за свои потреби“.

Според FT, Зеленски ја напуштил средбата „крајно незадоволен“, бидејќи очекувал американска воена поддршка што ќе му овозможи посилна позиција во евентуалните мировни преговори со Москва.

Next Post

Сања Божиновска на отворањето на Berlin Global Dialogue 2025: Македонија дел од глобалните разговори за иднината на енергијата

Грција: 37 лица ќе одговараат за измама со европски земјоделски субвенции вредна над 10 милиони евра

Препорачани Вести

Трамп затвора 30 амбасади и конзулати, на листата се најде и една држава на Балканот

Трамп затвора 30 амбасади и конзулати, на листата се најде и една држава на Балканот

10 months ago

(Видео) Митра на глава, црвена одежда и бројаница во рака – Телото на папата положено во оторен дрвен ковчег

9 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.