четврток, септември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Леб и компир на секоја маса, соковите се конзумираат повеќе од виното и кафето

by Redakcija
01.01.2026
in Магазин
market

Минатата година, семејствата во Северна Македонија речиси половина од својот буџет го посветиле на храна и пијалаци – точно 50,8 проценти. Според Државниот завод за статистика, тоа изнесувало околу 159.750 денари по домаќинство во 2024 година. Најголем дел од парите биле потрошени на месо, млечни производи и производи од жито, но вистинската ѕвезда на трпезата останале основните прехранбени производи – лебот и компирот.

Во просек, едно семејство изело 172,3 килограми леб и 64 килограми компир, додека потрошувачката на месо била значително помала: живина – 45,6 кг, свинско – 23,6 кг, говедско, телешко и јунешко – 16,9 кг, а овчо и јагнешко само 0,4 кг. Рибата била умерено застапена – 16 кг свежа и замрзната, и 2,4 кг преработена.

Млечните производи продолжуваат да бидат важен дел од семејната трпеза: кисело млеко и јогурт 76,2 кг, пресно млеко 73,4 литри и сирење 32,4 кг. Производите од жито, тестенините и оризот, исто така, биле во редовната исхрана – по околу 25 кг по домаќинство.

Зеленчукот и овошјето биле застапени, но не со иста интензивност: домати – 33 кг, пипер – 30,4 кг, зелка – 29,5 кг, краставици – 19,2 кг, додека од овошјето доминирале јаболка – 31,4 кг, јужно овошје – 70,2 кг, а останатото овошје како праски, кајсии, круши и грозје се консумирало во помали количини.

Најголемиот дел од домашниот буџет за пијалаци и тутун одел за тутун – 14.285 денари, додека за безалкохолни пијалаци се трошеле 6.293 денари. Сем тоа, кафе, чај и какао – 4.951 денари, а алкохолните пијалаци – 4.309 денари. Домаќинствата најмногу пиле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри, додека кафето и какаото изнесувале 7,8 кг. Од алкохолните пијалаци предност имале пивото (28,6 литри), винoто (4,6 литри) и жестоките пијалаци (1,9 литри).

Податоците се добиени од истражување спроведено на 5 040 домаќинства. Анкетирани се 2 914 семејства, додека бројот на оценети семејства изнесувал 598 632. Од нив, 92,7 проценти се неземјоделски домаќинства, 5,2% мешовити и само 2% земјоделски.

Related Posts

Мала европска држава бара работници од странство: Во финансискиот сектор платите се близу 5.000 евра

24.09.2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 СЕПТЕМВРИ: ЉУБОВНИ ПРЕСРВТИ, ПАРИ И ВАЖНИ ОДЛУКИ ЗА СИТЕ ЗНАЦИ

24.09.2026

Нова кола за 4.500 евра – Моделот што ја освојува Индија

23.09.2026

Ова е тајната на совршениот омлет: Шеф откри што правите погрешно

23.09.2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 СЕПТЕМВРИ: ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ, ЉУБОВНИ ИЗНЕНАДУВАЊА И НОВИ МОЖНОСТИ

23.09.2026

ФОТОГРАФИИ: Поткупувале цариник за непречено криумчарење – Шест лица лишени од слобода

22.09.2026

Препорачани Вести

Денеска најавен е прекин на товарниот сообраќај на граничните премини

8 месеци ago

Меџити: По повеќе од 50 години започнува најголемата инфраструктурна обнова на Старата скопска чаршија

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Вози 160 км/ч, има Wi-Fi и работи на два погона: Хрватска го покажа новиот воз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утринава голема акција низ Македонија – Цариници, полицајци, шпедитери и превозници во истрага за милионски шверц

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија нема да ги запре нападите, Лавров спомена и три европски земји: „Поучени од горчливото искуство…“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европскиот пат на Црна Гора под знак прашалник: Хрватска бара решавање на старите спорови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

Здравје – Вистинското има вкус
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.