среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Градоначалникот Коњановски се приклучи на подготовките за Бадниковата поворка во Битола

by Redakcija
02.01.2026
in Република

Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворка која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.

На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник денот кога низ центарот на градот со ѕвездите в раце ќе ја пеат Вечниот бог, најавувајќи го Христовото раѓање.

На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката.

Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.

Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната вест.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Прогласена кризна состојба во Штип

18.11.2026

Утре без струја бројни населени места во Тетово и Тетовско: Прекини до шест и пол часа

18.11.2026

Проданоски: Завршија буџетските средби со урбаните заедници, продолжуваме во населените места

18.11.2026

Општина Битола оддаде почит на борците од Првата егејска македонска ударна бригада

18.11.2026

Одлична можност за младите – Општина Битола продава градежно земјиште за изградба на куќи

18.11.2026

Коњановски: Првите 12 километри од автопатот Прилеп–Битола најавени за 2027 година

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Масовна еко акција во Битола: „Генералка Викенд“ обедини стотици граѓани

6 месеци ago

Казни од ФФМ: Шкендија исфрлена од Купот, санкции и за Вардар и Силекс

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – „Црвена река“ од милиони ракови: Почна необичната преселба на Божиќниот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Замор, трнење и заборавеност: Недостигот на витамин Б12 може да личи на знаци на стареење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачите не внимаваат на зимската замка во која често паѓаат: Светилката на инструмент-таблата нема да ве предупреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прогласена кризна состојба во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја на локации во Петровец, Кисела Вода и Горно Соње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.