петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Над 17 илјади лица од сивата зона ќе се вклучат во формалната економија

by Redakcija
02.01.2026
in Економија
Над 17 илјади лица од сивата зона ќе се вклучат во формалната економија

Од 1 јануари 2026 година државата стартува со офанзива против сивата економија, со јасна цел – илјадници луѓе што досега работеле „на црно“ да добијат легален статус, а компаниите што инвестираат и вработуваат да бидат наградени со државна поддршка.

Очекувањата се дека со примената на Законот за работно ангажирање лица, околу 17.400 луѓе ќе преминат во формалната економија. Најголем дел од нив – до 12.000 – се сезонски работници во земјоделството, додека околу 5.400 се лица што моментално работат без пријава во туризмот и услужните дејности. Во земјава, според официјалните податоци, има околу 85.000 луѓе што работат неформално.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оценува дека новите законски решенија се клучен чекор кон намалување на работата на црно, зголемување на бројот на вработени и забрзување на економскиот раст. Неговите проекции се дека невработеноста, со ефектите од законот, би можела да се спушти на околу 20 отсто.

„Сивата економија директно ги поткопува јавните финансии, ги лишува работниците од права и ја намалува конкурентноста на економијата. Тоа е системски проблем и бара системско решение“, истакна Дурмиши, потсетувајќи дека во 2024 година во државата имало околу 694 илјади вработени, од кои дури 85 илјади биле неформално ангажирани.

Новиот Закон за работно ангажирање лица воведува пофлексибилен и значително поедноставен модел за повремено и сезонско вработување. Процедурите за пријава, одјава и уплата на придонеси се дигитализирани, а опфатени се широк круг категории – од вработени и невработени, до пензионери, ученици и студенти.

Клучната новина е што ангажманот нема да значи губење на веќе стекнатите права. Корисниците на социјална и детска помош ќе продолжат да ги добиваат надоместоците, невработените нема да се бришат од евиденцијата и нема да го изгубат паричниот надоместок, пензионерите ќе ја задржат пензијата, а учениците и студентите – сите права од образовниот систем.

Законот, според министерот, е „добивка за двете страни“. Работодавците добиваат поголема флексибилност и помал административен товар, додека работниците добиваат законска заштита, исплата по час, пензиско и инвалидско осигурување, како и здравствено осигурување во случај на повреда или професионално заболување.

Паралелно со ова, од 1 јануари 2026 година ќе започне и примената на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој Владата го најавува како силен поттик за нови вложувања и отворање работни места.

Со овој закон, компаниите што инвестираат, бележат раст на приходите и го зголемуваат бројот на вработени ќе можат да добијат директна финансиска помош. Поддршката за нови вработувања со повисоки плати може да достигне до 20 отсто од исплатената нето-плата, односно до 4.400 евра годишно по вработен. Дополнително, предвидена е и значајна поддршка за истражување и развој – до 50 отсто од оправданите трошоци, со максимален износ до еден милион евра.

На прашањето дали ќе се „прочистува“ списокот на невработени во Агенцијата за вработување, особено за оние што земаат социјална помош, а одбиваат работа, Дурмиши одговори дека новиот закон не предвидува одземање на правата. Напротив, тие лица ќе имаат можност легално да се ангажираат во сектори како земјоделство, рибарство, шумарство и угостителство, без да ги изгубат статусот и примањата.

Related Posts

Вкупен промет од 12,59 милиони денари, најголем пад кај Комерцијална банка (–4,09%), ОМБ непроменет

09.04.2026
Засилени контроли од УЈП: Бензинските пумпи должни да ги прилагодат фискалните системи по новата ДДВ мерка

Еве кои сектори ќе бидат во фокус на УЈП – Објавен е планот 2026 – 2027

09.04.2026

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

09.04.2026
Binance: Клучните чекори за ориентирана крипто-регулација во иднина

Binance: Клучните чекори за ориентирана крипто-регулација во иднина

09.04.2026
Десет важни правила што менаџерите и претприемачите често ги игнорираат

Десет важни правила што менаџерите и претприемачите често ги игнорираат

09.04.2026
Нови 100-доларски банкноти со потпис на Доналд Трамп во оптек од јуни

Американската централна банка размислува за намалување на каматните стапки

09.04.2026

Препорачани Вести

Масовни полициски контроли – Уапсени осум возачи

2 месеци ago
Ретки и вредни: Колекционерската моќ на овие банкноти

Ретки и вредни: Колекционерската моќ на овие банкноти

1 месец ago

Популарни Вести

  • Бомба од Белата куќа: Доналд Трамп ги повлекува американските војници од Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин и нареди на Руската војска да ги запрe воените дејства за Велигден во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на две возила во Скопје – млад возач заврши во Болница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа – Возачот го загубил животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запален автомобилот на директорка од Скопје – Полицијата со детали за случајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.