понеделник, август 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Обвинение против 9 лица за злоупотреби во јавни набавки – ОЈО со детали

by Redakcija
02.01.2026
in Црна Хроника

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола.

Во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и директорот на комбинатот, вршеле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Тие заедно не ја извршиле својата службена должност за законито и совесно постапување и ги повредиле начелата на економичност, ефикасност, ефективност, сразмерност и конкурентност предвидени во Законот за јавни набавки. Со намера да прибават противправна имотна корист за друг, обвинетите распишале и спровеле постапка за јавна набавка за дислокација на погонските станици од рудникот “Осломеј” во рудниците на РЕК Битола, со цел да се воспостави нов транспортен систем за рудата во РЕК, иако знаеле дека таквиот транспортен систем е спротивен на основниот проект и несоодветен за технолошкиот процес на ископ на откривката, јагленот и меѓуслојната јаловина, како и за транспорт на јагленот во рудниците на РЕК. Имено, поради неправилната форма на површинскиот коп и поради малиот век на експлоатација (околу 14 години) во рудникот Живојно не е предвидена примена на методата за откопување со континуирана технологија (роторни багери и транспортни ленти) какви што биле дислоцираните погонски станици од Осломеј, информираа од ЈО. 

Обвинетите го навеле Управниот одбор да го измени Годишниот план и да овозможи реализација на јавната набавка, а минималните услови за учество на тендерот ги предимензионирале, фаворизирајќи само едно правно лице. Со тоа и овозможиле на обвинетата компанија да се јави како единствен понудувач и да го добие тендерот вреден 90.000.000 денари без ДДВ (106.200.000 денари со вклучен ДДВ).

Првообвинетиот сопственик на фирмата, двајца вработени и правното лице се товарат за кривично дело – Злоупотреба на постапка за јавен повик или јавно-приватно партнерство од член 275-в, бидејќи свесно ги повредиле прописите за постапката со потпишување и поднесување на невистинита документација во која тврделе дека работите на монтажа на погонските станици се завршени, иако донесената механичка и електроопрема стоела расфрлана во кругот на РЕК Битола. Незавршената обврска ја наплаќале врз основа на невистинитата документација со што правното лице се стекнало со противправна имотна корист од големи размери. Ова им го овозможиле и тројца од обвинетите директори и раководители во РЕК Битола, кои во 2024 година ги потпишувале записниците и извештаите за наводно извршени работи, иако знаеле дека се невистинити, со што го навеле оштетеното правно лице РЕК Битола да изврши незаконита исплата и сториле продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 од Кривичниот законик.

Со обвинението, јавниот обвинител предложи да биде одземен износот од околу 1,7 милиони евра со ДДВ кои и биле исплатени на компанијата како резултат на сторените кривични дела. За таа цел, обвинителството во текот на постапката, користејќи и инструменти на меѓународна правна помош, лоцираше и обезбеди 1,2 милиони евра, 1.000 швајцарски франци, 3 златни монети и 1 златна плочка од банкарски сеф во Белград, сопственост на првообвинетиот, како и над 500.000 евра на сметки во домашни банки. Дополнително, замрзнати се и 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година од фирма во Србија во сопственост на првообвинетиот, кои исто така можат да бидат предмет на конфискација.

Сознанијата на истрагата се дека обвинетиот поседува две компании во Србија, од кои едната основана на крајот на 2024 година, но и дека согласно анализираното движење на паричните средства има јасна тенденција тој да ги префрла парите со кои располага кон тие компании. Исто така, обвинителството го ценеше фактот дека обвинетиот одржува блиски врски и со други држави каде би можел да има парични средства, што го прави сериозен ризикот од бегство, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за овој обвинет со цел негово обезбедување во текот на судската постапка, се појаснува во соопштението од Јавното обвинителство.

Related Posts

Двајца повредени во вооружен напад во Арачиново: Пукано кон автомобил „Шкода“ со скопски таблички

Двајца повредени во вооружен напад во Арачиново: Пукано кон автомобил „Шкода“ со скопски таблички

23.08.2026

ОХРИЃАНЕЦ УАПСЕН: Бил агресивен кон член од семејството, па нападнал и полицајци

23.08.2026

Драма во Прибој: Македонец осомничен дека дошол како платен убиец за ликвидација

23.08.2026
ВОЗНЕМИРИВАЧКО ВИДЕО: Намерно се залетал со автомобил во насобрани луѓе –  Тројца повредени, осомничениот во бегство

ВОЗНЕМИРИВАЧКО ВИДЕО: Намерно се залетал со автомобил во насобрани луѓе –  Тројца повредени, осомничениот во бегство

23.08.2026
(ВИДЕО) Ја намамиле преку TikTok па ја злоставувале: Тинејџери во Русија осомничени за сексуален напад врз 13-годишно девојче

(ВИДЕО) Ја намамиле преку TikTok па ја злоставувале: Тинејџери во Русија осомничени за сексуален напад врз 13-годишно девојче

22.08.2026

За една вечер санкционирани 262 возачи во Скопје, шестмина приведени

22.08.2026

Препорачани Вести

Извор: Screenshot; Youtube

Второто полуфинале на Евровизија 2026 во Виена: 15 земји се борат за место во финалето

3 месеци ago

Наставничка се бори за живот откако крвнички била нападната од осмооделенец во Италија

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Горивата поскапуваат, дизелот над 100 денари за литар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранска сајбер офанзива? Хакери успеале да исклучат електрана во Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Маркс и Енгелс“ во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Собранието демантира: Не плаќаме приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.