сабота, март 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Вечерва повторно затворен Евзони, еве дали ќе има блокади за Бадник и Божиќ

by Redakcija
05.01.2026
in Балкан

Граничниот премин Евзони вечерва повторно ќе биде целосно затворен за сообраќај во двата правци. Според информациите од дописничката на МИА од Атина, блокадата ќе трае од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време и ќе важи за сите видови возила.

Земјоделците од северниот дел на Грција, кои од 1 декември со трактори протестираат на граничниот премин, и денеска ќе го блокираат сообраќајот во траење од четири часа, исто како и претходниот ден.

Во однос на следните денови, блокади не се планирани поради верските празници. Утре во Грција се одбележува Богојавление, а според најавите на земјоделците, како и за Божиќ и Нова година, сите автопатишта и гранични премини ќе бидат отворени за непречено движење на граѓаните. Според МИА, ова ќе важи и за Евзони, каде што во вторник и среда не се предвидени блокади.

На вчерашниот состанок на земјоделците од цела Грција била донесена одлука за 48-часовна блокада на националната патна мрежа, споредните патишта, клучните сообраќајници и граничните премини, која е планирана за четврток и петок. Земјоделците од Евзони ќе учествуваат во овие активности, а во среда ќе одржат нов состанок на кој ќе одлучат дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за товарни возила или за целиот сообраќај.

Протестите на земјоделците траат повеќе од еден месец и започнаа на 30 ноември. Тие најавуваат дека ќе седнат на преговори со Владата само доколку бидат прифатени сите нивни барања.

Поради ескалацијата на протестите, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево свика вонреден состанок.

Related Posts

Бугарија тргнува во железничка револуција: нови 60 модерни возови до 2027 година

21.03.2026

Словенија пред клучен избор: Судир меѓу либералите и десницата за иднината на државата

21.03.2026

КРВАВА ДРАМА ВО ИСТАНБУЛ: Убиен млад фудбалер – позната пејачка приведена поради вмешаност во случајот!

21.03.2026

Судот во Никшиќ одобри кауција: Ацо Ѓукановиќ излегува од притвор

20.03.2026

Сите хрватски војници итно евакуирани од Ирак

19.03.2026
Мицотакис предупредува: Европа не смее да дозволи нова миграциска криза

Мицотакис предупредува: Европа не смее да дозволи нова миграциска криза

19.03.2026

Препорачани Вести

Србија меѓу првите земји што би ја добиле руската вакцина против рак

Србија меѓу првите земји што би ја добиле руската вакцина против рак

2 недели ago
Трамп побара од Пентагон да ги открие сите информации за вонземјани

Трамп побара од Пентагон да ги открие сите информации за вонземјани

4 недели ago

Популарни Вести

  • Бугарија тргнува во железничка револуција: нови 60 модерни возови до 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жена пронајдена мртва во Зрновци – Обдукцијата проверува дали станува збор за семејно насилство и силување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка во Конче: осумгодишно дете со тешки повреди по удар од автомобил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Засадени 6.000 садници даб на Маркови Кули

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов закон за природата на јавна расправа: Министерот најави широка дебата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.