сабота, мај 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Самсунг (Samsung) истражува како довербата, безбедноста и приватноста ја обликуваат иднината на вештачката интелигенција на “CES 2026“

by Redakcija
06.01.2026
in Технологија

Серијалот “Samsung Tech Forum“ продолжува на “CES 2026“ со дискусија на “Центарот за Платформи за Вештачка Интелигенција“ (“AI Platform Center“) за иднината на довербата и вештачката интелигенција

Скопје, 6 јануари 2026 година – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес беше домаќин на панел со глобални експерти под наслов „Веруваме во технологијата? Преосмислување на безбедноста и приватноста во време на вештачка интелигенција“ (орг. „In Tech We Trust? Rethinking Security & Privacy in the AI Age“), како дел од својот серијал “Tech Forum“ на “CES 2026“. Одржана во “The Wynn“ во Лас Вегас, сесијата ги обедини водечките експерти од областа на технологијата, истражувањето и етиката за да истражат како довербата стана еден од најкритичните фактори што го обликуваат начинот на кој луѓето ја прифаќаат и користат вештачката интелигенција, додека таа сè подлабоко и понезабележливо се интегрира во секојдневниот живот.

Како невидливата интелигенција да стане доверлива

Како што вештачката интелигенција сè повеќе ги предвидува потребите, ги организира рутините и автономно функционира низ различни уреди, панелистите Али К. Милер (Allie K. Miller), Извршна директорка на “Open Machine“; Ејми Веб (Amy Webb), Извршна директорка на “Future Today Strategy Group“; Зак Кас (Zack Kass), Глобален советник за вештачка интелигенција во “ZKAI Advisory“ и поранешен раководител на одделот “Go-To-Market“ во “OpenAI“; како и Шин Баик (Shin Baik), раководител на “Центарот за Платформи за Вештачка Интелигенција“ (AI Platform Center (APC)) групата во “Samsung Electronics“, нагласија дека довербата не се гради преку ветувања, туку преку доследно и разбирливо однесување.

За време на сесијата, Samsung го сподели својот пристап на “доверба-по-дизајн“, истакнувајќи ја важноста на системите со вештачка интелигенција кои се предвидливи, транспарентни и лесни за контрола од страна на корисниците. „Кога станува збор за вештачката интелигенција, корисниците бараат транспарентност и контрола.“, изјави Али Милер. „Сакаат да бидат носители на своите персонализирани искуства – да разберат дали “AI“ моделот работи локално или на облак (cloud), да знаат дека нивните податоци се безбедни и јасно да видат што е овозможено од ’AI’, а што не. Тој степен на видливост гради доверба. Од страна на провајдерите, постои одговорност да се креираат персонализирани искуства врз основа на клучните столбови на довербата — јасност, безбедност и одговорност.“

“Samsung“ исто така истакна дека “AI“ на самиот уред (on-device AI) овозможува личните податоци да останат локални секогаш кога е можно, додека интелигенцијата базирана во облак (cloud) се користи селективно кога е потребна поголема брзина или обем, обезбедувајќи флексибилност без компромитирање на приватноста..

Безбедност изградена за свет управуван од вештачка интелигенција

Панел сесијата исто така разгледа како, со оглед на тоа што интелигенцијата сè повеќе се распределува меѓу паметни телефони, телевизори и апарати за домаќинство, безбедноста мора да еволуира. Во овој контекст, “Samsung“ ја истакна својата безбедносна платформа “Knox“ која денес штити милијарди уреди, почнувајќи од нивото на чипсетот, како и “Knox Matrix“, безбедносна рамка меѓу уреди што им овозможува на производите меѓусебно да се автентицираат и да се заштитуваат.

„Довербата во вештачката интелигенција започнува со безбедност која е докажана, а не ветена“, изјави Шин Баик. „Повеќе од една деценија, ’Samsung Knox’ обезбедува длабоко интегрирана безбедносна платформа дизајнирана да ги заштити чувствителните податоци на секое ниво. Но довербата оди подалеку од еден уред – таа бара екосистем кој се самозаштитува. Со ’Knox’, уредите континуирано се автентицираат и се надгледуваат меѓусебно, така што секој уред дејствува како штит за останатите, создавајќи отпорна и безбедна средина на која корисниците можат да се потпрат.“

Меѓуиндустриски дијалог за иднината на довербата

Шин Баик нагласи дека довербата расте кога вештачката интелигенција се однесува предвидливо и безбедно низ уредите, истакнувајќи дека на корисниците им се потребни видливи сигнали на контрола, а не системи од типот „црна кутија“. “Samsung“ укажа на своите партнерства со индустриски лидери како “Гугл“ (“Google“) и “Мајкрософт“ (“Microsoft“) како начин за зајакнување на заедничките безбедносни истражувања, интероперабилноста и заштитата на ниво на екосистем. Во меѓувреме, Али Милер ја нагласи важноста на транспарентноста за корисниците, вклучувајќи јасна видливост каде се извршуваат “AI“ моделите, како се користат податоците и експлицитни ознаки што покажуваат што е овозможено од “AI“, а што не.Зак Кас додаде дека иако дезинформациите и злоупотребата претставуваат реални предизвици, „за секој ризик постои и соодветна контрамерка, а самата технологија ќе има клучна улога во ублажувањето на негативните страни на вештачката интелигенција“.

Ејми Веб го анализираше односот меѓу довербата и купувачките навики на потрошувачите. „Не мислам дека луѓето донесуваат одлуки исклучиво врз основа на доверба“, изјави таа. „Луѓето не плаќаат за доверба. Тие не купуваат производи поради доверба. Тие купуваат поради удобност. Значи, ако ’AI’ компонентата ги привлекува луѓето затоа што им го олеснува и поудобен им го прави животот, тогаш тоа е она што ги поттикнува.“

Како што вештачката интелигенција станува сè поневидлива, панелот заклучи дека технологиите што ќе изградат долгорочна доверба ќе бидат оние што од самиот почеток им даваат приоритет на безбедноста, транспарентноста и значајниот избор на корисниците.

Related Posts

(ВИДЕО) Хуманоидни роботи во Кина играа српско оро: Наскоро Србија добива фабрика за роботи

29.05.2026
Загреб како нов европски центар за „Agentic AI“ инфраструктура и деловна автоматизација

Загреб како нов европски центар за „Agentic AI“ инфраструктура и деловна автоматизација

28.05.2026
Балканската авто-икона се враќа: Новото „Југо“ повторно на патиштата во модерно хибридно издание

Балканската авто-икона се враќа: Новото „Југо“ повторно на патиштата во модерно хибридно издание

27.05.2026
(ВИДЕО) Неофицијален рекорд: Дрон достигна 730 км/ч и ја надмина рекордната брзина

(ВИДЕО) Неофицијален рекорд: Дрон достигна 730 км/ч и ја надмина рекордната брзина

26.05.2026

(ВИДЕО) Пентагон отвори тајна архива за НЛО: ОБЈАВЕНО ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО!

24.05.2026

„Спејс екс“ со нов чекор кон Марс: „Старшип В3“ успешно лансиран, но заврши со експлозија

23.05.2026

Препорачани Вести

Напад со нож во Кичево: двајца приведеини, едно лице повредено, транспортирано во Скопје

5 месеци ago
Премиерот Мицкоски присуствуваше на првата сезона на „Плазма Спортските игри за млади“ на Плоштад Македонија

Премиерот Мицкоски присуствуваше на првата сезона на „Плазма Спортските игри за млади“ на Плоштад Македонија

3 недели ago

Популарни Вести

  • НАЈНОВА ВЕСТ: Тешка несреќа вечерва на Пластичарска (ПРВИ ФОТОГРАФИИ)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија од јули ја зголемува минималната пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лимон и каранфилче – природен трик против мувите во домот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Скопје започна снимањето на новиот македонски филм „Пролетно чистење“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија ќе вложи 200 милиони евра запленети од мафијата во безбедноста на железниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.