понеделник, август 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Судбината на правдата во две трагедии: Кран-Монтана и Кочани

by Redakcija
06.01.2026
in Македонија

Трагедијата во Швајцарија, на новогодишната ноќ во Кран-Монтана, ја врати меморијата и вниманието на јавноста во Македонија кон настаните од 16 март 2025 година и трагедијата во Кочани.

За властите во Македонија, трагедијата во Швајцарија дава простор за толкување дека вакви трагедии се случуваат и во развиена земја како Швајцарија, но истрагата што ќе се води таму ќе „бдее“ над правдата за Кочани – правда што семејствата на 63-те млади луѓе ја чекаат и по девет месеци.

Но, за разлика од Македонија, каде обвинението опфати многу широк круг и влезе во лавиринт, во Швајцарија истрагата е фокусирана на потесен круг на осомничени.

Сопствениците на барот „Le Constellation“, сопружниците Жак и Џесика Морети, сè уште не се уапсени, но три дена по трагедијата Oбвинителството во кантонот Вале соопшти дека тие се осомничени за убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.

„Потврдувам дека е отворена кривична истрага против двајцата менаџери. Оваа кривична истрага, во соработка со сите вклучени страни, ќе овозможи да се идентификуваат и разгледаат сите траги. Како што постојано нагласував, ниту една трага или сомнеж нема да биде занемарен. Сите можности се разгледуваат и со отворањето на истрагата ќе можеме да продолжиме да постапуваме согласно Законот за кривична постапка“, вели Беатри Пилу, Обвинителка на Кантонот Вале. 

Оттука јасно се гледа разликата меѓу двете истраги. Швајцарските истражни органи се движат кон потесен круг на одговорност и убиство од небрежност, додека во Македонија во обвинението беа опфатени и функционери од пред 12 години, и тоа за „тешки кривични дела против јавната безбедност“.

За адвокатот Јанаки Митровски, несоодветно е да се прават споредби бидејќи станува збор за друга држава со свои закони, но тој повторува дека обвинението за Кочани е неосновано. Според него, нашето обвинителство е свесно дека кривичните дела против функционерите се застарени и дека обвинението е неодржливо, па одговорноста ја префрла на судот само за да ја смири јавноста.

– Сите знаеме дека оваа квалификација што е дадена е направена под притисок на јавноста, што несомнено е погрешно. Сите сме сведоци дека, според ограничените информации што ги имаме од медиумите, таму се осомничени сопствениците на барот, односно се оди кон многу потесен круг, за разлика од кај нас каде што се отиде многу широко, што ја комплицира ситуацијата и ја прави потешка, бидејќи голем дел се гонат за соизвршителство“, вели Јанаки Митровски, пренесува „Слободен печат“. 

И универзитетскиот професор Сејфула Османи истакнува дека нашиот правен систем често го бара виновникот според интереси, за разлика од современата европска практика, како швајцарската, каде виновниците се бараат таму каде што дејствијата навистина се случиле. Тој додава дека во случајот со трагедијата во Кочани повеќе се водел „лов на вештерки“ отколку вистинска истрага, и изразува надеж дека Македонија ќе земе пример од начинот на истрага во Швајцарија.

„Ние ја баравме вината таму каде што сакавме, ловејќи вештерки. Го баравме виновникот кај министрите, кај луѓе кои имале надлежности многу порано, додека тие ја бараат вината кај инспекторатот, кај менаџерите и раководството на корпорацијата, кај директните фактори за иницирање на пожарот. Значи, така требаше да се постапи и кај нашиот случај, и јас посакувам и во случајот со Кочани продолжението на истрагата и барањето на одговорноста да оди во оваа насока“, изјави Османи. 

Двата пожари избија од пиротехнички средства и речиси на идентичен начин. Двата објекта имаа лесно запаливи материјали, што доведе до брзо ширење на пламените. За разлика од случајот во Кочани, каде фокусот беше ставен на фактот дека дискотеката немала дозвола, постапката во Швајцарија е повеќе насочена кон строга одговорност за небрежност во објект кој формално имал дозвола за работа, но не ги почитувал безбедносните протоколи за време на прославата. Швајцарските власти истражуваат дали употребата на пиротехнички средства била во согласност со внатрешните правила на објектот и со швајцарските закони; се испитува изолационата пена на таванот, се проверува дали во барот имало повеќе гости од дозволеното и дали излезите за итни случаи биле пристапни во моментот на несреќата.

Извор: ТВ21

Related Posts

Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

24.08.2026
sobranie

Собранието демантира: Не плаќаме приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

24.08.2026

ВЛЕН: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат

24.08.2026

Заедништвото и одговорноста се клучни за иднината, порача Мицкоски во Кочани

24.08.2026

Трагата води и до Македонија: два бренда од случајот со млекото во Косово пронајдени во два маркети

23.08.2026

Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

23.08.2026

Препорачани Вести

Аракчи: Иран нема да попушти под притисок, САД и Израел да не започнуваат нови напади

Аракчи: Иран нема да попушти под притисок, САД и Израел да не започнуваат нови напади

3 месеци ago

СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ОПШТИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКАКО НЕ ГО ЗАТЕКНАЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Шестгодишно дете прегазено во Тетово, во тешка состојба пренесено во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ раст: МБИ10 зголемен за 0,20 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола инвестира во спортот и културата: Над 310 милиони денари за спортска инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • AfD сака Германија да го напушти еврото и Шенген: Вајдел најави големи промени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.