сабота, февруари 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: По години застој, економијата конечно бележи реален раст од 3,5%

by Redakcija
07.01.2026
in Македонија

– Изминатата година и 2024, тие два квартали во третиот и четвртиот квартал, ние ја надминавме онаа бариера од 3% раст на Бруто домашен производ, нешто што за претходната влада, посебно последните години претставуваше невозможна мисија“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски во новогодишно интервју на телевизија Алфа, прашан за македонскиот економски раст и дали владините економски политики ги дали посакуваните резултати.

Мицкоски додаде дека од друга страна, и првиот, и вториот и третиот квартал од оваа измината 2025 година, се навистина прилично успешни.

– Реалниот раст е веќе 3,5%, номиналниот е над 8, мислам дека во првите три квартала е 8,3%, иако ние предвидувавме, заедно со меѓународните финансиски институции, како што е Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и така натаму, дека ќе имаме номинален раст од околу седум и пол проценти, ние веќе сме 8,2, 8,3. Веќе имаме, заклучно со 2025 година петоцифрена бројка по долари по глава на жител, над 10 илјади долари е номиналниот бруто производ по глава на жител. Според куповната моќ, веќе дојдовме до 30 илјади долари. Очекувам номиналниот БДП веќе во 2026 да го постигне нивото коешто го поставивме како цел на крајот од мандатот на оваа Влада, тоа е 20 милијарди долари. Ќе ја префрлиме таа бројка две години порано“, истакна Мицкоски.

Меѓу економските политики коишто владата спроведе, Мицкоски го спомена субвенционирањето на стопанството со 250 милиони евра евтини кредити со цел поддршка и развој на македонската економија.

– Ги субвенционираме оние заеми за стопанството, се сеќавате, четврт милијарда евра. Ги субвенционираме преку владата за стопанството, кога на тоа ќе ги додаде сопствените средства што дел од банките ги додадоа, тогаш доаѓаме до фантастична бројка од, можеби, половина милијарда евра инвестициска домашна активност. И токму тоа е причината да во првата половина година, растот на инвестициите е некаде околу три четиринаесет проценти. Ако тој период се спореди колку расте во Европа, тој е 2-3%“, рече Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека сето ова значи дека, таквата владина политика имаше влијание во рамките на економијата и дека тој е драјверот и за реалниот и за номиналниот раст на БДП.

Мицкоски се осврна и на инфлацијата, при што посочи дека за изминатата година таа е околу 4% и дека за годинава, 2026, се очекува да падне на ниво од 2 до 3%.

– Инфлацијата е приближно на нивото од четири проценти. Очекуваме следната година да се движиме помеѓу 2 и 3%. Тука мислам дека имаме исклучително погрешно шпекулативна политика од страна на два, би рекол три ланци супермаркети, којашто мислам дека од морален аспект е нечесно. Затоа што во бизнисот не можете вие да го гледате само вашиот профит, на сметка на клиентот, односно на другата страна, а другата страна се граѓаните и ние како Влада по вокација и по суштина ќе застанеме на страната на граѓаните. И тука, лично го следам низ мојата оптика сето ова што го случува и тука планираме на делуваме, па дури и со законски измени во делот на казнената политика“, потенцираше Мицкоски.

Тој понатаму, меѓу другото, додаде:

– Ние се трудиме да бидеме, генерално, Влада којашто е бизнис ориентирана, односно Влада којашто сака да помага на бизнисот и Влада којашто сака да расте заедно со бизнисот. Затоа што, колку повеќе бизнисот расте, толку повеќе тој контрибуира во рамките на централниот Буџет, а колку централниот буџет е квалитетен, толку квалитетни ќе ни бидат и проектите коишто ги реализира тој централен буџет“.

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел

Гордана Димитриеска-Кочоска: Не постоела силна одлучност во имплементацијата на стратегиите за борба со сивата економија до сега

21.02.2026

Мицкоски: Македонија заслужува место во Европа

21.02.2026
Проданоски: 12 милиони денари за спорт и нов Младински центар во Прилеп во 2026 година

Проданоски: 12 милиони денари за спорт и нов Младински центар во Прилеп во 2026 година

21.02.2026

Николоски: Со силна динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

21.02.2026

АХВ уништи над еден тон небезбедна „здрава храна“, казни во висина од над 20 илјади евра

21.02.2026

Хоџа во Сарај: Почна изградба на водовод и канализација вредна 85 милиони денари

20.02.2026

Препорачани Вести

Кога желбата за совршена кожа води кон нејзино брзо стареење

Кога желбата за совршена кожа води кон нејзино брзо стареење

2 месеци ago

ЧУДНА КРАЖБА ОД ДРЖАВНИОТ АРХИВ: Тројца тинејџери фатени со украдени книги

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Меџити: Мастер планот на Чаир се реализира на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скали преполни: Прилепската публика го гледа фудбалот и надвор од стадионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фицо ја закочи Украина: Словачка може да го прекине снабдувањето со струја ако не се обнови транзитот на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Sony размислува за подолг животен век на PS5 пред лансирањето на PS6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТЕЛМА ОТКРИВА: Еве за колку убиства се сомничи серискиот убиец од кумановско – кај сите жртви ова било заедничко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.