сабота, јуни 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Крај на привилегиите за странските таблички: „Сејф сити“ ќе казнува без исклучоци

by Redakcija
08.01.2026
in Македонија

Системот „Безбеден град“ (Safe City) наскоро ќе започне со детекција и санкционирање и на возила со странски регистарски ознаки, најавува Министерството за внатрешни работи. Со тоа се става крај на досегашната практика возилата со странски таблички да поминуваат неказнето низ македонските улици.

Од МВР информираат дека казните ќе се изрекуваат без оглед на тоа кој управува со возилото во моментот на прекршокот, при што правилата ќе важат подеднакво и за домашните и за странските возачи.

За странските државјани, како и за иселениците кои возат возила со странски регистар, ќе важат истите законски поволности. Доколку казната се плати во рок од осум дена, износот ќе биде намален за 50 проценти.

Во моментов, системот „Сејф сити“ е целосно функционален во Скопје, Тетово и Куманово. Очекувањата се дека проширувањето на детекцијата ќе придонесе за поголема сообраќајна дисциплина и намалување на сообраќајните несреќи.

„Паметните“ камери регистрираат непописно паркирање, поминување на црвено светло, пречекорување на дозволената брзина и сообраќај на нерегистрирани возила.

Related Posts

Архивар во државна институција земал 100.000 денари плата?

05.06.2026

Мицкоски по средбата со Мерц: Процесот на проширување останува жив и активен

05.06.2026

Жена во Скопје при чистење алат пронашла бомба

05.06.2026

Мицкоски: Со Мерц разговаравме за европските перспективи на Западен Балкан

05.06.2026
Средба меѓу Мицкоски и Макрон: во фокус европската иднина

Средба меѓу Мицкоски и Макрон: во фокус европската иднина

05.06.2026
Кривична пријава против професор од Кичево за насилство врз ученичка

Кривична пријава против професор од Кичево за насилство врз ученичка

05.06.2026

Препорачани Вести

(ВИДЕО) СТРАШЕН ИНЦИДЕНТ НА РЕЛИ ВО АРГЕНТИНА: автомобил се превртуваше 6 пати и влета во публиката – загина млад човек, има повредени

2 месеци ago

Роналдо во солзи ја прослави првата шампионска титула со Ал Наср

2 недели ago

Популарни Вести

  • Апсење на аеродромот во Скопје – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Професор пријавен за физички напад врз ученичка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетово: Приведен 35-годишник по агресивно однесување кон полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украдени маси и столови од угостителски објект во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотел „Русија“ во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.