недела, март 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Нова блокада на границите: Грчките земјоделци ги затвораат премините кон Македонија на 48 часа

by Redakcija
08.01.2026
in Балкан

Грчките земјоделци ја заоструваат својата борба, што ќе резултира со целосна блокада на клучните гранични премини меѓу Грција и Македонија во наредните 48 часа. Се очекува сериозен сообраќаен метеж, поради што на патниците и транспортерите им се препорачува да ги одложат патувањата или да користат алтернативни правци.

Според најновите информации, граничниот премин Богородица – Евзони ќе биде целосно затворен од 17:00 часот по македонско време. Блокадата ќе важи за сите категории возила, вклучително и товарни возила, автомобили и автобуси, и ќе трае два дена.

Граничниот премин Меџитлија – Ники е затворен уште од утринските часови. Иако формално забраната важи за сите возила, грчките земјоделци најавуваат можност за повремено пропуштање, што сепак носи ризик од долги задржувања и неизвесно чекање.

Во моментов, единствен премин кој функционира без блокади е граничниот премин кај Дојран, каде сообраќајот се одвива нормално.

Покрај границите со Македонија, земјоделците ќе ги блокираат и премините кон Бугарија, како и граничниот премин Какавија кон Албанија. Во самата Грција се очекува целосен сообраќаен хаос, со блокиран автопат меѓу Солун и Атина, како и бројни регионални и споредни патишта.

Надлежните апелираат граѓаните внимателно да ги следат информациите и да ги планираат патувањата согласно актуелната состојба на граничните премини.

Related Posts

Вучиќ: Хрватска, Албанија и Косово подготвуваат можни активности против Србија

15.03.2026

Голем пожар покрај Сава: Сплав целосно изгоре во Нов Белград

14.03.2026

Будва со голем недостиг од сезонски работници

14.03.2026

Пленковиќ предупредува: Кинеската воена опрема на Србија е предизвик за НАТО

14.03.2026

Српска мафија го концентрира кокаинот преку Еквадор – конфискуван имот вреден милиони

14.03.2026

Солунската митрополија подели 3,8 милиони евра во социјални и хуманитарни цели

14.03.2026

Препорачани Вести

Наскоро продолжен викенд во Македонија со петок неработен ден

2 недели ago
Преговори помеѓу САД и Иран денес во Женева

Иран подготвен за компромис со САД

3 недели ago

Популарни Вести

  • НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА УТРЕ: Регулаторна одлучува за новата цена среде нестабилен нафтен пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Емотивно во Кочани: Пред натпреварот Осогово – Горно Коњари откриени бисти на навивачи на Осогово кои загинаа во „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семејно насилство во пораст или полицијата почна да си ја врши работата? За еден ден седум пријави до МВР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група тинејџери нападнала три лица во Аеродром – Во нападот биле користени и јајца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чист дом без многу труд: Направете ги овие 5 брзи трикови – уредете го домот за помалку од 30 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.