четврток, октомври 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Штипските пекари нема да ги зголемуваат цените на лебот и белите пецива

by Redakcija
10.01.2026
in Економија

Цената на лебот и белите пецива во штипските пекарници засега ќе остане непроменета, и покрај зголемувањето на цената на електричната енергија. Ова го потврди Николче Малинов, сопственик на една од пекарниците во Штип, кој вели дека во моментов нема услови што би наложиле корекција на ценовникот.

Според него, пекарите располагаат со доволни количини брашно, а засега нема најава за поскапување на оваа суровина или на другите енергенси.

„Струјата е минимално поскапена, но тоа нема да влијае врз крајната цена на производите. Ќе го покриеме преку други заштеди во работењето“, истакна Малинов.

Тој додава дека олеснување за пекарниците претставуваат и законските измени со кои им се дозволува на пензионерите да работат, што помага во надминување на недостигот од работна сила. Дел од работниците, како што посочи, се враќаат и од странство, особено од Хрватска.

Во моментов лебот во Штип се продава по цена од околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот, а таа, како што уверуваат пекарите, ќе остане непроменета и во наредниот период.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,18 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

22.10.2026

САД договори руски дизел, ЕУ останува на санкциите

22.10.2026

Божиновска: Со KfW разговараме за нови инвестиции и постабилен енергетски систем

21.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.10.2026

Николоски на терен: „Се гледа крајот“ – одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

21.10.2026

Каде се заработуваат милиони? УЈП ги откри највисоките плати, дивиденди и годишни приходи

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

СТУД И ВЕТЕР ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА: СНЕГ И ДОЖД НА 11 ЈАНУАРИ

9 месеци ago

ДИК: Излезноста на повторените избори е малку над 28% до затворањето на гласачките места

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Велешаните Тахов и Миров извозеа на велосипед 2.700 км околу Јадран за 27 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четворица го претепале 21-годишен скопјанец кај Бит-пазар по недоразбирање во сообраќајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тротинет удрил 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Македонец за измама со најновиот iPhone вреден речиси 4.000 евра!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возбудата почнува со гребење: „Титаниум“ нуди автомобили и парични награди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.