понеделник, јули 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

УХМР: Неколку региони во опасност од поплави

by Redakcija
10.01.2026
in Република

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека денес најголема опасност од излевања на реки и појави на заезерување на водата има во југозападните и западните региони на земјата.

Од утринава се забележува зголемување на водостоите на реките Коселска, Сатеска, Ресенска и на помалите суводолници во регионот, каде се можни локални излевања. Во Охридско-Преспанскиот и Струшкиот регион се очекува реакција на помалите реки и суводолници, а во Струшкото Поле може да се појави заезерување на водата поради интеракција на подземните и површинските води.

Висок е водостојот и на реката Вардар во горниот дел од сливот, со можни локални излевања во Гостиварскиот регион и појави на заезерување во Полошката Котлина. Реката Црна во долниот дел од течението исто така е со висок водостој и се очекуваат локални излевања и заезерувања во Пелагониската Котлина и во делови од Битолско-Прилепскиот регион. Во горниот дел на сливот, иако нема значително зголемување на водостојот, можни се заезерувања во Демир Хисарскиот регион.

Реката Треска, исто така, е со висок водостој и се предвидуваат локални излевања и заезерувања во целиот слив, вклучително и во Кичевскиот регион.

УХМР посочува дека врнежите денес ќе бидат од дожд и снег на повисоките места, а на пониските од дожд. Во попладневните часови, по 18:00 часот, се очекува северен ветер и заладување на времето, при што врнежите ќе преминат во снег.

Властите апелираат на внимателно движење покрај реките и суводолниците, особено во југозападните, западните и северозападните делови на земјата.

Related Posts

Коњановски: Со забрзана динамика се градат нови спортски игралишта во битолските училишта

27.07.2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Тетово за работата на Градскиот базен

27.07.2026

Коњановски се сретна со делегација од Будимпешта, најавена нова соработка

27.07.2026
Прекин на водоснабдување на булевар „Илинден“ во Карпош поради дефект на цевка

ВАЖНО ЗА ГОСТИВАР: Водата од чешмите може да се користи за капење и миење, но НЕ и за пиење

27.07.2026

Општина Битола: Фолклорно дефиле ќе го означи почетокот на „Илинденски денови“ – Широк Сокак во ритамот на светскиот фолклор

27.07.2026
Потрошени 7,1 милиони евра за водоводот во Гостивар – два резервоари не се изградени, третиот не профункционирал

Потрошени 7,1 милиони евра за водоводот во Гостивар – два резервоари не се изградени, третиот не профункционирал

26.07.2026

Препорачани Вести

Украдено возило требало да биде пропуштено за пари – полицаец заработи кривична

2 месеци ago

Три малолетни деца пронајдени во бессознание во Куманово

1 месец ago

Популарни Вести

  • Во Петрич одбележани 84 години од смртта на Антон Попов, положени венци пред неговиот споменик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран испрати трето предупредување до Софија поради американските авиони во базата Безмер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анкета на „Стратум Р&Д“: ВЛЕН пред ДУИ кај албанскиот електорат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МФ: Усвоен Ребалансот на Буџетот – Продолжува поддршката на инвестициите, локалниот развој и политиките за економска стабилност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Со забрзана динамика се градат нови спортски игралишта во битолските училишта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.