среда, март 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

by Redakcija
14.01.2026
in Економија

Владата на Република Северна Македонија, го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата.

Со усвојувањето на овој План, Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги земе предвид социо-економските последици врз заедниците и работниците во регионите засегнати од транзицијата, со посебен фокус на отворање нови можности за вработување, преквалификација на работната сила и поттикнување одржлив локален економски развој.

Со предвидените механизми се обезбедува координиран пристап помеѓу надлежните институции и јавните претпријатија.

Годишниот план за 2026 година е изработен во согласност со националните стратешки документи и Реформската агенда, како и со обврските преземени во рамки на процесот на забрзана транзиција од јаглен кон одржливи и нискојаглеродни извори на енергија. Планот претставува оперативен документ кој ги дефинира конкретните активности, временската рамка, надлежните институции и потребните ресурси за негова реализација.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е задолжено да го објави Годишниот план на својата веб-страница и да ја координира неговата имплементација, додека ресорните министерства и релевантните институции ќе ги приоритизираат активностите во рамки на своите годишни програми, со редовно известување за напредокот во имплементацијата.

Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година претставува значаен чекор во насока на поефикасно и координирано спроведување на планираните реформи, зајакнување на институционалната рамка и унапредување на соработката со меѓународните партнери и финансиските институции.

Related Posts

Семос Едукација ја предводи AI трансформацијата во компаниите

18.03.2026

Вкупен промет од 19,36 милиони денари, раст кај ТТК Банка и НЛБ, а пад кај Алкалоид

18.03.2026

Божиновска – Милер: Заедничка заложба за политики што ги ставаат децата и младите во фокусот на енергетската и општествената транзиција

18.03.2026

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

18.03.2026

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

18.03.2026

140 денари за литар дизел: Во која европска држава дизелот моментално е најскап

18.03.2026

Препорачани Вести

Три автомобили изгореа во скопската населба Аеродром

6 дена ago
Земјите од Западен Балкан наскоро без роаминг во ЕУ

Земјите од Западен Балкан наскоро без роаминг во ЕУ

3 недели ago

Популарни Вести

  • Русија: Европа му го покажа своето вистинско лице на Трамп – маските паднаа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожарот на УСС Џералд Р. Форд траел повеќе од 30 часа – сериозни оштетувања и повредени морнари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Иран со нов ракетен бран кон Израел – првпат употребена ракетата „Хаџ Касем“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судот во Тетово пресуди во корист на Алијанса за Албанците – Таравари легитимен лидер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семос Едукација ја предводи AI трансформацијата во компаниите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.