Василичарскиот карневал „Бабари“ во село Маловишта уште еднаш ја оживеа вековната традиција и култура, кои со децении се негуваат и се пренесуваат од колено на колено, од дедо на внук. Настанот привлече бројни посетители и љубители на автентичните влашки обичаи, кои имаа можност да сведочат на живо културно наследство што сè уште пулсира со силен дух.

Посебно внимание привлече учеството на најмладите василичари – Јована Гаговска, Давор Гаговски, Никола Василевски, Стефан Палигора, Ангел Батаља и Никола Грамосли, кои со гордост и ентузијазам беа дел од карневалската поворка. Нивното присуство е најсилна потврда дека традицијата има иднина и дека Маловишта успешно ја продолжува приказната стара со генерации.

Со маски, обичаи и автентична атмосфера, карневалот „Бабари“ уште еднаш покажа дека не е само локален настан, туку значаен културен симбол кој ја обединува заедницата и го чува влашкиот идентитет










