среда, март 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото

by Redakcija
14.01.2026
in Македонија

По лидерската средба одржана во Клубот на пратениците, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека меѓу политичките лидери е постигнато значајно придвижување околу клучните политички прашања, меѓу кои и иднината на техничката, т.н. пржинска влада.

Според Мицкоски, на средбата е постигната општа согласност дека моделот на техничка влада треба да стане дел од минатото. Тој посочи дека е најден и компромис за Законот за прекршоците, додека за укинувањето на техничката влада ќе биде потребна согласност од сите парламентарни групи. Во спротивно, како што рече, таа би важела и за следните избори, по што би била укината.

Мицкоски истакна дека ќе бидат неопходни и измени во Законот за Владата, поради промените во владините ресори, и нагласи дека денешната средба се одвивала во поинаков, поконструктивен дух од вообичаениот.

„Јавноста денеска беше сведок на отворена и конструктивна дебата, полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања и предложив разговорите да продолжат на ниво на пратенички групи, затоа што нашата цел е надминување на проблемите, а не создавање нови“, изјави Мицкоски.

Лидерската средба беше одржана по негова иницијатива. Од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, додека од коалициските партнери во Владата беа присутни генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“.

Од опозицијата учествуваа лидерите на Левицата и ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не дојде на средбата, откако претходно го одби повикот од Мицкоски.

Related Posts

Пет комисии ќе заседаваат во Собранието, за актуелните законски измени

11.03.2026
7.144 македонски Евреи депортирани во Треблинка – 83 години сеќавање на жртвите од Холокаустот

7.144 македонски Евреи депортирани во Треблинка – 83 години сеќавање на жртвите од Холокаустот

11.03.2026

Николоски во Стејт департментот: Разговори за економска соработка и коридорите 8 и 10

11.03.2026
153 македонски државјани ќе бидат евакуирани од Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија

153 македонски државјани ќе бидат евакуирани од Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија

11.03.2026
Денес се чествува делото на Свети Порфилиј – Архипастирот на Газа

Денес се чествува делото на Свети Порфилиј – Архипастирот на Газа

11.03.2026
Сончев ден со мала облачност, температурите растат до 20 степени

Сончев ден со мала облачност, температурите растат до 20 степени

11.03.2026

Препорачани Вести

Скептицизам во Вашингтон: Мали се шансите дека Родригез ќе сака соработка со Трамп

Скептицизам во Вашингтон: Мали се шансите дека Родригез ќе сака соработка со Трамп

1 месец ago
antonio costa

ЕУ не попушта: Секоја присила ќе ја сретне со одлучност

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Моџтаба Хамнеи поседува луксузни станови во Лондон, со поглед на израелската амбасада

    Моџтаба Хамнеи поседува луксузни станови во Лондон, со поглед на израелската амбасада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервнција на Единицата за насилен криминал – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршната сметка за 2025 пред Советот на Општина Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лоша вест за Македонците во Америка, Австралија, Канада… доаѓа ценовен шок за цела македонска дијаспора!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет комисии ќе заседаваат во Собранието, за актуелните законски измени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.