понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

7.144 македонски Евреи депортирани во Треблинка – 83 години сеќавање на жртвите од Холокаустот

by Redakcija
11.03.2026
in Македонија
7.144 македонски Евреи депортирани во Треблинка – 83 години сеќавање на жртвите од Холокаустот

Денеска се одбележува 83-годишнината од трагичната депортација на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка, настан кој остава длабоки траги во историјата на Холокаустот. Еврејската заедница во Северна Македонија, заедно со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, организираа комеморативни активности за да им оддадат почит на жртвите и да потсетат на суровостите што се случиле во 1943 година.

Премиерот Христијан Мицкоски, денес ќе положи цвеќе пред спомен-обележјето на поранешниот Монопол во Скопје и ќе се обрати на настанот посветен на сеќавањето на македонските Евреи. Заедно со него, почит ќе оддаде и делегација на Собранието, предводена од пратениците Љупчо Пренџов, Дафина Стојаноска и Даниела Николова, која ќе положи цвеќе пред повеќе историски споменици, меѓу кои Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејските гробишта, како и Градските гробишта Бутел.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера го посети Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Таму, таа положи венец и оддаде почит на 7.144 македонски Евреи, жртви на бесмислената политика на нацистичкиот режим.

Собраниска делегација на чело со потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, ден претходно, положи цвеќе пред споменикот „Камена Менора“ и пред споменикот на Естреја Овадија-Мара во Битола, продолжувајќи го одбележувањето на оваа трагедија.

Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, Евреите од Битола, Штип и Скопје беа собрани во скопскиот Монопол, пред да бидат депортирани во три наврати кон Треблинка во окупирана Полска. Првиот транспорт замина на 22 март, а до 29 март сите македонски Евреи беа депортирани – никој не се вратил.

Во само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 година, во Треблинка загинаа околу 925.000 луѓе, меѓу кои 7.144 македонски Евреи, сведочејќи за бруталноста на нацистичкиот режим и за вечната важност од сеќавање и оддавање почит на жртвите.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонија

Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

23.11.2026

Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

23.11.2026
УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

22.11.2026
Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

23.11.2026
Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

22.11.2026
(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВИДЕО: Не се гледа прст пред око – силно невреме со град го зафати Скопје

5 месеци ago

Сомнеж за подметнат пожар во Иловица: Пронајдени исечени гранки и запалка

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за 23 ноември: Финансиски можности за Биковите, неочекувани трошоци за Лавовите, а три знаци ги очекуваат важни одлуки за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.