сабота, април 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Ниските цени на алкохолот во Европа загрижуваат – СЗО реагира

by Simovski
14.01.2026
in Магазин
alkohol

Граѓаните низ Европа се меѓу најголемите љубители на алкохол во светот, но порастот на консумацијата го носи и сериозен ризик по здравјето, предупредува Светската здравствена организација (СЗО). Во новиот извештај на организацијата, се истакнува дека алкохолот станува се подостапен во многу земји од ЕУ, додека владите сè помалку ги користат даноците како алатка за контрола на потрошувачката.

Пивото, на пример, е поевтино во 11 европски држави, а кај жестоките пијалаци трендот е уште поизразен – дури 17 земји бележат пад на цените. Особено тревожно е тоа што во 14 членки на ЕУ, вклучувајќи ги големите производители како Италија и Шпанија, виното воопшто не се оданочува.

Резултатот е загрижувачки: седум од десетте земји со највисока потрошувачка на алкохол во светот се токму во Европа, а меѓу најголемите потрошувачи се Романија, Летонија и Чешка. „Подостапниот алкохол поттикнува насилство, повреди и болести“, предупредува Етјен Круг, директор во СЗО.

Организацијата нагласува дека алкохолот е главен ризик-фактор за рак, кардиоваскуларни заболувања и депресија, дополнително оптоварувајќи ги здравствените системи. Затоа, СЗО повикува владите да преземат конкретни мерки за намалување на потрошувачката, а зголемувањето на даноците на алкохолните пијалоци се смета за една од најефикасните стратегии.

Слична загриженост се изразува и за засладените пијалаци. Од 2022 година, тие станале поевтини и подостапни во 13 земји на ЕУ, што според СЗО го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања. Организацијата апелира владите да реагираат итно, користејќи даночни механизми за заштита на јавното здравје.

Related Posts

Јаков Јозиновиќ по концертот во Скопје: Македонската публика ме остави без зборови

11.04.2026

Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

11.04.2026

ВИДЕО: Нова верзија на „На Велигден“ со силна духовна порака снимена во „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје

11.04.2026
Црно кафе или со додатоци: Што е навистина диетално?

Црно кафе или со додатоци: Што е навистина диетално?

10.04.2026
Извор: Screenshot; Instagram: Jakov Jozinović

Јаков Јозиновиќ ја разгоре „Јане Сандански“: Концертот во Скопје полн со емоции и еуфорија

10.04.2026

ХОРОСКОП ЗА 10 АПРИЛ: Кој знак треба да забави, а кој да ризикува денес

10.04.2026

Препорачани Вести

ЦУК: Замрзнати коловози предизвикаа над 20 сообраќајни незгоди во тетовско-гостиварскиот регион

3 месеци ago

Херојот од Кран-Монтана: Камполо спасил 10 деца од запалениот бар

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Јаков Јозиновиќ по концертот во Скопје: Македонската публика ме остави без зборови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп најави изградба на највисока триумфална капија во светот во Вашингтон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Стевановиќ избран за претседател на словенечкиот парламент

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп во сериозни проблеми – недостасуваат милијарди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.