сабота, ноември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

by Redakcija
15.01.2026
in Економија

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска официјално објави дека Оне Македонија, подружница на 4иГ Групацијата (4iG Group), е избрана за победник на националниот тендер за доделување 5G спектар во Северна Македонија. Оваа одлука го отвора патот за лансирање на првата национална самостојна 5G мрежа (5G SA) во земјата и претставува значаен чекор напред во развојот на безбедна и идно ориентирана дигитална поврзаност во регионот.

(Скопје, 14.01.2026) – Оне Македонија беше единствениот учесник во тендерската постапка, со што ѝ се овозможува да изгради и управува со една од најнапредните и најбезбедни самостојни 5G мрежи во регионот. Согласно претходно соопштение на компанијата, Оне Македонија има склучено прелиминарен договор со Ериксон (Ericsson) за стратешка соработка во планирањето, дизајнот и имплементацијата на новата мрежа.

Поставувањето на 5G мрежата и почетокот на комерцијалните услуги се планирани за крајот на март 2027 година, со долгорочна развојна мапа која предвидува целосна покриеност на урбаните средини и транспортните коридори до 2030 година, како и национален пристап до брз интернет до 2032 година. Проектот има за цел да обезбеди брза, сигурна и безбедна мобилна поврзаност која ќе одговори на потребите на граѓаните, институциите и бизнисите, при целосна усогласеност со европските стандарди и вредности. Новата мрежа ќе биде дизајнирана како стабилна, безбедна и идно ориентирана дигитална инфраструктура што ќе поддржи иновации и долгорочен економски раст.

Како дел од 4iG Групацијата, една од водечките технолошки и телекомуникациски компании во регионот на Централна и Источна Европа, Оне Македонија ќе придонесе кон зајакнување на дигиталниот екосистем на Северна Македонија и забрзување на технолошкиот развој на земјата. 4iG Групацијата веќе работи под брендот Оне низ Западен Балкан, нудејќи фиксни и мобилни услуги во Албанија и обезбедувајќи мобилни услуги во Црна Гора.

За 4iG Групацијата

4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија котирана на Будимпештанската берза, 4iG е препознатлива по својот иновативен и современ пристап. Како водечки унгарски телекомуникациски оператор и ИТ систем интегратор, 4iG игра клучна улога во дигиталната трансформација на регионот.

Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, 4iG Групацијата обезбедува услуги за речиси 2,2 милиони резиденцијални и 400 000 бизнис корисници низ Западен Балкан и е пазарен лидер во телекомуникациските и инфо-комуникациските услуги во регионот. 4iG Групацијата е посветена на изградба на мрежи со користење технологии од доверливи и безбедни извори, во рамките на иницијативата „Clean Network“.

Со повеќе од 8 000 високо квалификувани професионалци, 4iG обезбедува врвни телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги, прилагодени на постојано променливите потреби на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за експанзија на Групацијата ја зацврсти нејзината позиција како значаен играч во телекомуникацискиот сектор во Унгарија и Западен Балкан.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нови ограничувања за задолжување – Што се менува за станбените кредити?

21.11.2026

Голем пад на биткоинот и американските берзи: Што се случува со светските финансиски пазари?

21.11.2026

Сакате сопствен имот во Грција или Шпанија? Еве кои се правилата за странските купувачи

21.11.2026

Љатифи: Продолжуваме со стратешките проекти за посигурен и постабилен електропреносен систем

20.11.2026
Растат депозитите и кредитите на граѓаните: Станбените за една година повисоки за 15,9 отсто

Растат депозитите и кредитите на граѓаните: Станбените за една година повисоки за 15,9 отсто

20.11.2026
Едни со просечна плата од 88.787 денари, други со 35.447: Кои се најплатените и најмалку платените сектори во Македонија?

Едни со просечна плата од 88.787 денари, други со 35.447: Кои се најплатените и најмалку платените сектори во Македонија?

20.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Комерцијална банка разгледува можност за странски стратегиски инвеститор оваа година

Комерцијална банка разгледува можност за странски стратегиски инвеститор оваа година

9 месеци ago
Жешко лето уште во мај: Европа под закана од температури до 16°C над нормалата

Македонија пред нов топлотен удар: Утре температурите ќе достигнат до 41 степен

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Рерната ќе блесне без напорно триење: Потребна ви е само една таблета што веќе ја имате дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наташа покажа како се живее во еден од најсуровите градови во светот: Снег 244 дена, температури до минус 56 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пиете кафе секој ден? Научниците открија интересна поврзаност со работата на цревата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавено парче мебел повторно станува хит: Некогаш го имаше во речиси секој дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Два државни турнира во Битола: Младите пингпонгари играат за титула и пласман на „Топ 8“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.