недела, април 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Авион на „Туркиш Ерлајнс“ итно приземјен во Барселона по дојава за бомба

by Simovski
15.01.2026
in Свет
avion

Патнички авион на „Туркиш Ерлајнс“, кој сообраќал на линијата Истанбул–Барселона, денеска беше принуден на итно слетување на аеродромот Барселона–Ел Прат откако беше пријавена бомбашка закана за време на летот.

И покрај сериозноста на инцидентот, од шпанскиот аеродромски оператор АЕНА соопштија дека воздушниот сообраќај не бил прекинат и дека аеродромот функционирал нормално.

Според информациите на шпанската полиција, веднаш е отворена истрага, но засега не се соопштуваат дополнителни детали. Медиумите, повикувајќи се на извори од Ројтерс и турски портали, наведуваат дека авионот бил пренасочен од безбедносни причини откако еден од патниците наводно отворил безжична интернет-мрежа во авионот и во нејзиното име вметнал порака со закана за бомба.

Инцидентот се случил во завршната фаза од летот, додека авионот се приближувал кон Барселона, потврди директорот за комуникации на „Туркиш Ерлајнс“, Јахја Устун.

По безбедното приземјување, на терен веднаш биле активирани стандардните безбедносни протоколи. На снимки кои кружат на социјалните мрежи може да се види како полициски службеници, заедно со кучиња трагачи, детално го проверуваат багажот на патниците.

Од „Туркиш Ерлајнс“ нагласија дека сите постапки се спроведуваат во согласност со меѓународните безбедносни стандарди и дека случајот сè уште е во фаза на обработка од надлежните служби.

Related Posts

Велигденско примирје меѓу Русија и Украина

11.04.2026

Кина тајно го вооружува Иран? Разузнавачите алармираат за нова закана зад примирјето

11.04.2026

Тензии на работ на нова војна: Иран испраќа итно предупредување до американската флота

11.04.2026

Трамп: „Ги полниме бродовите со муниција“ – нов притисок врз Иран

11.04.2026

ВИДЕО: Благодатниот оган слезе во Ерусалим – започна велигденската светлина

11.04.2026

Иран со нов ултиматум

11.04.2026

Препорачани Вести

„Господ нè сочува“ –  Семејствата од Тетово останаа без дом по уривањето на потпорниот ѕид

3 месеци ago

Вечерна богослужба и литиија по повод Бадник во Битола

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Нека светлината на Воскресението донесе мир и радост во секој дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто осум министри за правда Албанци не го отворија прашањето за испит на албански

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велигденско примирје меѓу Русија и Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физичка пресметка пред хотел во Аеродром по расправија меѓу вработени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во Скопје оштети три возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.