среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Тензии на работ на нова војна: Иран испраќа итно предупредување до американската флота

by Redakcija
11.04.2026
in Свет

Неколку бродови на американската морнарица денес поминале низ Ормутскиот теснец, потврди американски функционер, во операција која, според Вашингтон, не била координирана со Иран.

Според американските извори, поминувањето на бродовите има цел да ја зголеми довербата кај трговските бродови и да обезбеди слободна пловидба во меѓународните води. Операцијата доаѓа во чувствителен момент, додека во Пакистан се одвиваат мировни преговори меѓу двете страни.

„Тоа е операција насочена кон гарантирање на слободата на пловидба“, изјавил американскиот функционер, додавајќи дека станува збор за рутинско присуство во регионот.

Од друга страна, иранските власти тврдат дека американски разорувач бил принуден да се повлече по серија предупредувања. Според Техеран, нивните сили внимателно го следеле движењето на бродот и преку посредници испратиле јасна порака дека ќе реагираат доколку навлегувањето продолжи.

Иранските извори наведуваат дека преку пакистански канал било пренесено предупредување дека бродот би можел да биде цел во рок од 30 минути доколку не се повлече. По ова, американскиот брод наводно го променил правецот.

Инцидентот дополнително ги зголемува тензиите околу повторното отворање на Ормутскиот теснец, кој е клучна рута за светската трговија со нафта. Во последниот период низ него поминува значително намален број бродови поради безбедносни ризици.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД работат на обезбедување безбеден поморски сообраќај и дека секое попречување на пловидбата ќе биде сфатено како сериозна закана за меѓународната трговија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Зошто Западот и Русија не успеаја да се зближат? Бајден посочи три клучни причини

18.11.2026

Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

18.11.2026

Ескалација на Блискиот Исток: Иран нападна американски воени цели

18.11.2026

Путин пристигна кај Си, се очекува и Трамп: Дали светот е пред нова Јалта?

18.11.2026

Лажни банкари им ги празнеле сметките на граѓаните: Откриена меѓународна криминална мрежа со стотици осомничени

17.11.2026

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Утре 5 часа без струја дел од Тетово

4 месеци ago
kina

Кина ги повикува САД и Иран на почитување на примирјето и продолжување на дијалогот

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото: Европската бизнис асоцијација ги поврза студентите со бизнис приказните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО|Десет деца завршија во болница: Се истражува драматичниот инцидент во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица поради сомнение за дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Западот и Русија не успеаја да се зближат? Бајден посочи три клучни причини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.