понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН: ДУИ да каже дали ги негира изјавите на Г’зим Острени

by Redakcija
03.09.2026
in Македонија

Политичката партија ВЛЕН бара од Демократската унија за интеграција (ДУИ) да се изјасни за неодамнешните изјави на Г’зим Острени во врска со Охридскиот рамковен договор и улогата на Али Ахмети.

Од ВЛЕН велат дека по вчерашната прес-конференција, на која јавно биле отворени прашањата поврзани со изјавите на Острени, од ДУИ сè уште нема одговор.

Од партијата оценуваат дека ДУИ не може да молчи за изјавите на, како што наведуваат, една од клучните фигури од 2001 година, особено затоа што тие се однесуваат на третманот на албанскиот јазик во Охридскиот рамковен договор.

„Ако Али Ахмети не се согласува со изјавите на Г’зим Острени, нека излезе јавно и нека објасни што од неговите изјави не е точно“, порачаа од ВЛЕН.

Според ВЛЕН, Острени јавно изјавил дека во периодот кога Али Ахмети ја водел политичката игра, албанскиот јазик не бил внесен во Уставот со своето име. Од партијата додаваат дека Острени посочил оти дури години подоцна разбрал дека уставната формулација не се однесува директно на „албанскиот јазик“, туку на јазикот на заедницата која сочинува повеќе од 20 проценти од населението.

„Ова не е тврдење на ВЛЕН. Ова го кажа Г’зим Острени“, наведуваат од партијата.

ВЛЕН бара ДУИ да одговори дали ги негира овие ставови. Доколку не ги негира, од партијата бараат Али Ахмети да објасни како, според нив, од првичните барања во 2001 година се стигнало до уставно решение во кое албанскиот јазик не е наведен со своето име.

Од ВЛЕН порачуваат дека ДУИ треба јавно да одговори на прашањето: „Дали Али Ахмети го негира Г’зим Острени – да или не?“

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

23.11.2026

Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

23.11.2026

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

23.11.2026

Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

23.11.2026
Македонија

Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

23.11.2026

Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Трамп со нова програма за децата: 1.000 долари како почетен влог за иднината

2 месеци ago

ВИДЕО: Сте го виделе до сега како игра Али Ахмети?

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Нова соларна централа од 40 киловати во ОУ „Св. Климент Охридски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин: Крајот на војната зависи од Украина – Киев мора да ги прифати компромисите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со жестоки обвинувања: „Сето ова е огромна измама!“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.