понеделник, март 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

by Redakcija
17.01.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат за помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинението, на 9 јануари обвинетите со умисла му помогнале на тинејџерот, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена, да побегне од земјата.

Тие пристигнале до домот на осомничениот со автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, го земале заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце го пренеле во Република Србија. По пристигнувањето таму, обвинетите се вратиле во земјава околу полноќ.

Јавниот обвинител предложи продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот тинејџер, кој предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици, се уште е недостапен на органите на прогонот, а полицијата трага по него врз основа на издадената меѓународна потерница.

Обвинителството продолжува со дејствија за испитување евентуална одговорност и на други лица поврзани со овој настан.

Related Posts

Претрес во Тетово: уапсен 43-годишник, полицијата пронашла предмети поврзани со кривично дело

15.03.2026

Семејно насилство во пораст или полицијата почна да си ја врши работата? За еден ден седум пријави до МВР

15.03.2026

Група тинејџери нападнала три лица во Аеродром – Во нападот биле користени и јајца

15.03.2026

МВР со нова акција: Приведени 13 возачи за безобѕирно возење во сообраќајот

15.03.2026

Апсење во Куманово – Полицијата со детали

15.03.2026

Сите системски пропусти за трагедијата во Тафталиџе: обвинение за семејно насилство и наведување на самоубиство за насилникот

15.03.2026

Препорачани Вести

ЗНАМ: Пржинската техничка влада треба да се укине, поддржуваме една изборна единица и реформски закони

2 месеци ago

Министерството за енергетика: СДСМ манипулира за да ги сокрие долговите и хаосот што го остави

1 месец ago

Популарни Вести

  • Македонија ја очекува ново заладување: Дожд во градовите, снег на планините

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ИРАНСКИТЕ КАМИКАЗА ДРОНОВИ ГИ ЗАГРИЖИЈА САД И ИЗРАЕЛ: Украина открива како се бори против нив по искуството од војната со Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милановиќ загрижен: Србија се вооружува со офанзивно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензиите растат: Тајван пријави големо присуство на кинески воени авиони во близина на островот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тројца поранешни градоначалници на Кочани се влечат по судови без вина, тврди Шилегов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.